Летување на море ќе направи да ослабнете, да се збогувате со целулитот, да добиете безброј позитивни идеи и да се наполните со витамин Д.
Морскиот воздух и водата се добри како за нашата душа, така и за нашето тело. Грците се првите кои го забележале лековитото делување на морето. Популарната бранова терапија – лекување со морската вода потекнува токму од Грција. На грчките острови Родос и Крф, брановата терапија се применувала уште пред 2500 години.
Се користела за лекување на болести како што се екцем, артритис, псоријаза и болки во грбот. Хипократ го открил лековитото дејство на морската вода набљудувајќи го нејзиното делување врз рани. Забележал дека водата го забрзува зараснувањето на раните, ги спречува инфекциите и ја намалува болката.
Во Франција уште во средината на 19 век биле отворени центри за лекување на здравствени проблеми со помош на супстанци добиени од морето и морската вода.
Што му прави морската вода на вашето тело после 10 дена одмор?
10. Морето ги содржи сите елементи важни за нашето здравје – натриум, магнезиум, калциум, калиум… Морската вода длабоко продира во кожата и со тоа овозможува дејствување на минералите и елементите во траги. Морето исто така, содржи и алги кои изобилуваат со минерални супстанци. Алгите го поттикнуваат обновувањето на ќелиите, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го јакнат имунитетот, спречуваат воспаленија, ја чистат кожата и помагаат при отстранувањето на целулитот.
9. Докажано е дека морската вода делува смирувачки на човечкиот организам. Затоа, одморот на море е идеална прилика да заборавите на секојдневните проблеми и да ги искористите максимално бенефитите на морето. Магнезиумот кој се содржи во морската вода во висок процент, делува мошне позитивно во борбата против стресот.
8. Капењето во морска вода ги поттикнува функциите на органите кои ги филтрираат и лачат штетните супстанци од организмот какви што се црниот дроб, бубрезите, кожата. Наталожените штетни материи се движат преку лимфата и крвта кон површината, а со тоа се олеснува процесот на прочистувањето. Морската вода го потпомага овој процес, така што прави измена на материјата и поттикнува чистење од штетните состојки не само на кожата, туку целиот организам.
7. Морето и генерално, елементот вода отсекогаш се врзувале со креативноста и чувствата. Престојот во близина на вода може да ги поттикне нашите емоции, интуиција, имагинација и креативност.
6. Морската сол има својство на антисептик и антихистамин поради што претставува лек за кожни алергиски реакции. Купките со морска сол помагаат при лечење и ублажување на алергиите. Чистиот морски воздух, заситен со негативни јони, го олеснува дишењето и поволно им влијае на лицата кои боледуваат од астма.
5. Сината боја и гледањето во далечина поволно влијае и на нашите очи. Ако работата ви е врзана за компјутер, летување на море значи и одмор за очи.
4. Ако веќе организиравте одмор на море, потрудете се што повеќе да престојувате во вода која е чиста. Штом излезете од водата, не трчајте веднаш под туш со обична вода. Почекајте да се исушите на сонце, затоа што минералните соли од морската вода дезифинкуваат, чистат и ја зацрврстуваат вашата кожа, а мозолчињата и акните ги снемува за неколку дена.
3. Една вежба во море има ист ефект како 12 вежби на тло. Морската вода има ефект на справа за вежбање, бидејќи создава отпор и максимално ги ангажира мускулите. Движејќи се низ водата, трошите седум калории во минута, ја стимулирате циркулацијата и ги зајакнувате ѕидовите на вените. Доколку сакате да се ослободите од целулитот, секојдневно пливајте или одете во вода што има ниво до градите и тоа најмалку 40 минути (20 минути наутро и 20 навечер)
2. Морската сол е неверојатно богата со различни состојки – осумдесетина различни минерали, каробнати, сулфати, а присутни се и калциум, калиум, број, натириум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор… Токму поради таквиот, богат, состав, морската вода делува благотворно на кожата и помага при дерматитис, псоријаза и екцеми.
1. Со сончањето не добиваме само потемен тен, тука и убаво количество витамин Д, кој на нашиот организам и тоа како му е потребен. Тој игра клучна улога во спречување на бројни болести. Но, за да добиете витамин Д, не значи дека треба да се сончате по најголемата жештина. Претпладнето и попладневните часови се идеални за оваа активност. Исто така, обрнете внимание на кремите за сончање, тие ја спречуваат способноста кожата да создава витамин Д.