10 интересни факти за Египет

3862

Лоциран на најсеверната точка на Африка, Египет е дом на најраната и највеличествената светска цивилизација, со унифицирано кралство кое постоело уште од 3,200 година пред нашата ера. Со популација од повеќе од 99 милиони, Египет е најнаселената држава во арапскиот свет и трета најбројна нација во Африка.

Најголемата економска активност се случува по долината на реката Нил, каде што се наоѓа мало количество на обработлива земја долж реката. Туризмот, земјоделството и производството се најважните индустрии. Социјалните и политичките неизвесности многу влијаат на економијата, со што се забавуваат странските инвестиции во областа како што е туризмот.

Ви претставуваме 10 интересни факти за Египет.

  1. Земјата е етнички хомогена, а Египќаните се повеќе од 99% од популацијата.
  2. Популацијата на земјата е проценета на 90% муслиманска вероисповед и бројни христијански групи ги сочинуваат останатите 10%.
  3. Каиро е главен град на Египет повеќе од 1000 години, но властите градат нов главен град на околу 45 километри на исток за да се намали метежот во градот. Планот е градот кој допрва ќе се именува, да биде центар на сите државни оддели и министерства, како и странски амбасади.
  4. Една од најпознатите фигури на Египет, Клеопатра VII, била Гркинка.
  5. Антички Египет ги соддал еден од најраните мировни договори во историјата, Мировниот договор Кадеш, преговаран во 1259 година п.н.е. со Хетитската империја. Во 1970 година владата на Турција им дала копија на договорот на Обединетите нации, кој што може да се види на влезот од собите на Советот за безбедност.
  6. Египет е дом на седум места означени како светско наследство назначени од УНЕСКО: Абу Мена; античка Теба со својата Некропола; Историски Каиро; Мемфис и неговата Некропола; Нубиски споменици од Абу Симбел до Фила; областа Света Катерина; и Вади Ал-Хитан, или долината на китовите, дом на фосилни остатоци од најраната и сега изумрена форма на китови.
  7. Различни групи за меѓународни права, вклучително и Амнести Интернешнл, Фридом Хаус и Хјуман рајтс воч, ја критикуваат земјата за ниско ниво на лична слобода и апсења и затвор на мирни активисти кои се критички настроени кон владата.
  8. Профилите на социјалните медиуми кои имаат повеќе од 5.000 следбеници се предмет на законите за медиуми во земјата и можат да бидат надгледувани од властите, како и мора да бидат лиценцирани од владата.
  9. Антички Египет го произвел првиот протетски екстремитет во светот, прст составен од кожа, дрво и конец и датиран помеѓу 950 и 710 п.н.е.
  10. 365-дневниот календар што е поделен на 12 месеци е измислен во Египет.