10. Инспирацијата која ги родила класиците
Ромео, о Ромео…. Италија инспириала многу класици, но една од најзапамтените е за љубовта на Ромео и Јулија.
Ако одите во Италија, задолжително отидете во Верона, каде што ќе го видите балконот што го инспирирал Шекспир да ја напише трагичната љубовна приказна која до ден денес привлекува милионски посетители само за една слика, потпис на ѕидот и допир на статуата на Јулија.
9. Романтиката на Тоскана
Тоскана е дефинитивно една од светските најромантични места за посета. Бескрајни винарии, ридови, тоскански вили…. нема крај на списокот.
Сместете се во централниот дел на Тоскана, Фиренца и истражете го регионот. Ќе останете фасцинирани.
8. Неверојатен поглед при патување со воз
Има прекрасни сцени за време на патувањето низ Италија со воз. Познатиот „црвен“ воз започнува од Тирано и патува се до интернационалната зимска дестинација Сент Мориц.
7. Топли и гостољубиви луѓе
Италијаните генерално се топли и гостопримливи, и со нив вашите спомени за Италија ќе бидат уште поубави.
Но за да можете да бидете во контакт со нив, научете по некој италијански збор, бидејќи тие многу малку зборуваат англиски.
6. Италијанскиот начин на живот
Италијаните владеат со уметноста на живото, фамилијата на прво место, добра храна, добар разговор и убава количина на сонце на лето.
Има силен баланс на работата со животот и сето тоа е сконцентрирано на кругот на семејството. Италијаните навистина знаат како да живеат.
5. Историјата на Рим – вечниот град
Многу е тешко да не се заљубите во Италија, ако вашата авантура започнува во Рим. Да, може да биде топло, валкано, смрдливо и гужва, но има толку неверојатна историја да се истражи низ улиците на Рим, што сето тоа ќе падне во вода.
4. Паста и пица
Не залудно во Италија постои изреката: Клучот на нечие срце во Италија е во храната (EATaly). Пицата и пастата секако се во преден план, но исто така има и безброј други превкусни јадења
3. Домашно вино
Веднаш кога ќе седнете во некој ресторан во Италија, сте пречекани со голема насмевка од страна на вашиот келнер. Побарајте домашно вино, нема да згрешите. Тие знаат како треба да ве угостат и да се погрижат за вашето расположение.
2. Сладолед
Нема некој што не сака сладолед. Не само што најубавиот сладолед е во Италија, туку и го има насекаде и во секакви вкусови. Домашен сладолед со најдобар квалитет буквално на секое ќоше во секој град.
1. Каналите на Венеција
Велат секој барем еднаш во животот треба да ја посети Венеција и тоа е навистина така. Единствен град во светот кој е буквално изграден на вода. Бидете подготвени за голем број на туристи и гужва низ сокачињата. Но без нервози, ќе вреди. Затоа посетете на Венеција пред да потоне.