8 совети како да се справите со пари кога патувате со друштво

4047

Кога патувате како група со друштво, парите можат да бидат причина за тензија. Ви претставуваме осум совети за вашиот буџет за да можете да уживате во вашиот одмор и да не се грижите за финансиите.

Парите можат да бидат голема ставка кога се патува во група, особено затоа што не секој патува со ист буџет и не секој може да потроши исто. Кога патувате заедно, секогаш на крајот излегува дека трошите малку повеќе од очекуваното, а тоа може да биде причина за тензија.

Затоа важно е да бидете подготвени на се. Тоа значи да ги следите следните совети за да можете да уживате, наместо да се грижите за парите во вашиот или во паричникот на вашите пријатели.

  1. Цврсто одредете го буџетот однапред

Факт е дека сите имаат различна сума на пари за располагање. Навистина не е фер некој постојано да се расфрла со пари, додека другиот не може да го дозволи истото, но исто така не е фер и да не можете да потрошите толку колку што сакате. Затоа ако се одлучите однапред на строго одреден буџет, тоа може да им помогне на сите да испланираат и да видат што може, а што не може да се дозволи.

  1. Треба да се има разбирање за различните буџети

Откако ќе го договорите буџетот, обидете се да се држите до него. Не се откажувајте од вашиот пријател ако се откаже од некоја активност од финансиски причини. Почитувајте го фактот што можеби тој не може да си дозволи толку пијалоци во дискотека колку што можете вие. Особено внимавајте кога некој ја чести групата, тој што не може да си го дозволи тоа, ја чувствува обврската и тој да почести една тура. Затоа најдете начин сето тоа да изгледа природно за да се избегнат непотребни тензични ситуации и некој да биде навреден.

  1. Запишувајте кој колку ви должи и кому вие должите

Не е страшно за неколку евра, но можеби некому тоа му смета. Затоа запишувајте кој за што платил, затоа што секогаш има по некој што дал малку повеќе отколку другите за нешто.

  1. Уживајте, но имајте резерва и граници

Кога се патува со друштво навистина е тешко да се внимава на финансиите. Секогаш се пие и јаде малку повеќе, дури и многу повеќе од потребното. Иако тие се најубавите моменти кога ви е сеедно, сепак добро е да имате резерва и граница на трошењето.

  1. Немојте да бидете „стиснати“

Немојте да бидете премногу грижливи за пари, за да не си го расипете вашиот, и одморот на пријателите. Доколку имате помалку пари од пријателите, кажете им го тоа и обидете се да не го спомнувате истото често. Никој не сака во среде дискотека некој да се буни. Пуштете ги нозете, колку што ви е чергата.

  1. Штедете пари како група

Како група можете да заштедите пари на секакви работи, од транспорт, до сместување и групни активности. Кога барате понуди, барајте можности за групни попусти и искористете го максимумот. Мал компромис од секој (како спиење на софа) може да ви заштеди многу.

  1. Наполнете го автомобилот

Кога патувате со автомобил може многу да се заштеди. Може да се најде автомобил дури и за 9 лица, што значи дека можете да направите добра зделка и да заштедите многу пари на бензин и патарини, а и да земете со вас многу повеќе работи отколку со авион.

  1. Комуницирајте

Како група секој треба да си го каже своето мислење при самото планирање на патот. Кој што би сакал, што не би сакал, какво сместување и слично. Така секој ќе знае со какви луѓе ќе патува и што може да го очекува.

Запамтете дека некое евро повеќе или помалку не е вредно за да се изгуби пријателството, затоа комуницирајте отворено.