Ajul Luxury Hotel & Spa Resort***** – Касандра

151

Ajul Luxury Hotel and Spa Resort 5*, e хотел за љубителите на луксузот, кој ќе ги отвори своите врати на 01.Мај.2023 година. Хотелот е лоциран во близина на местото Agia Paraskevi, на полуостровот Касандра и на 100км од Солун. Убава борова шума во комбинација со шљунковита плажа со природни извори на минерална вода по кои овој регион Агија Параскева е препознатлива и ќе направат хотелот Ajul Luxury Hotel and Spa Resort, многу брзо да стане оаза на мир и релаксација. Местото Loutra е оддалечено од хотелот на само 3км. Плажата е на 700м од хотелот. Секојдевен превоз од хотелот до плажата е организиран од страна на хотелот.                     

Содржина на хотелот: Ultra all inclusive хотелскиот комплекс Ajul Luxury Hotel and Spa resort идеално се вклопил во хармоничната околина од борови и кристално чистото Егејско море. Хотелот располага со 171 сместувачки единици распоредени во главната зграда, бунгаловите и вилите. Во рамките на хотелот се наоѓаат три ресторани (Ultra all inclusive ресторан, A la cart ресторан покрај базенот и Италијански ресторан) и три бара за тотална гастрономска атмосфера, дури и за оние со рафиниран вкус. За потполна Спа атмосфера хотлот поседува Spa и Fitness Centar во кои гостите може да се опуштат и користат минерална вода од природните извори на бањате Loutra и Agia Paraskevi. Во рамките Ajul Luxury Hotel and Spa Resorta се наоѓаат и два тениски терени(со тврда подлога), терен за одбојка на плажа,  уреден простор за јога, пилатес и фитнес, амфитеатар со анимација за возрасни и деца. Во рамките на хотелот има 5 надворешни базени, еден внатрешен детски базен и еден внатрешен базен за возрасни. Конгресен центар погоден за секакви видови на состаноци и деловни собири. Кино на отворено, игралиште за деца, продавници за гардероба и сувенири, салон за убавина и фризер,кои се исто така на услуга на гостите на хотелот. Можност за организирање на излери, спортови на вода, изнајмување на автомобили, мотори или јахти се активности кои може да се организираат со момош на консериеж и рецепцијата на хотелот.

Сместување: Сите соби во хотелот зрачат со елеганција и минимализам. 78 сместувачки единици имаат приватни базени додека останатите се со балкони или веранди за уживање. Повеќето соби имаат поглед на бескрајното синило на морето. Сите соби имаат LED LCD TV 43” или 55”, сателит TV и радио како и индивидуални клима уреди за греење и ладење. Во сите соби има сеф, мини бар со апарат за кафе и чај. Купатилата се опремени со фен, папчи и бањарка и луксузен тоалетен прибор.                                           

Promo deluxe собите имаат поглед на море и предвидени се за 3 особи, 2 возрасни и 1 дете до 12г. Собите имаат 2 стандардни или француски лежај и дополнително софа на отварање. Составени се од 1 просторија.                                                                     

Deluxe соби имаат поглед на море и предвидени се за 3 особи, 2 возрасни и 1 дете до 12г. Собите може да имаат 2 стандардни или француски лежај и дополнително софа на отварање. Составени се од 1 просторија.                       

Deluxe собите со заеднички базен имаат поглед на море и базен. Предвидени се за 3 особи, 2 возрасни и 1 дете до 12г. Собите може да имаат 2 стандардни или француски лежај и дополнително софа на отварање. Составени се од 1 просторија.     

Family deluxe собите се составени од дневна и спална соба. Сите фамилијарни соби се со поглед на море и може да се сместат 3-5 особи. Идеално решение за 2 возрасни и 3 деца или 3-4 возрасни.

Поради чести менувања на цените од страна на хотелите, Ве молиме за истите да се информирате директно во агенција!

Правила за влез во хотел

Check-in from 15:00 until 00:00

Check-out from 00:00 until 11:00

ПРАВИЛА НА ОТКАЗ:

  • 15 – 21 ден – се задржува 30% од целосната сума
  • 8 – 14 дена – се задржуваат 50% од целосната сума
  • 1 – 7 дена се задржуваат 100%
  • Во случај на непојавување, се задржуваат 100%
  • Во случај на порано напуштање на сместувањето, се задржуваат 100%

НАПОМЕНИ:

  • Во моментот на резервација се плаќа авансно плаќање од 50%. Конечната потврда се добива во рок од 48 часа по уплатата. Во случај хотелот да не ја потврди резервацијата, авансот му се враќа на патникот.
  • Попустите за деца важат во придружба на двајца возрасни, освен ако не е поинаку наведено.
  • Организаторот го задржува правото да ги продаде своите слободни капацитети преку LAST MINUTE, FIRST MINUTE или преку СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои го платиле аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • Повеќето од понудените хотели имаат дневни промоции и промоции за одреден период на престој, информации достапни во агенцијата. Дневните промоции не можат да се комбинираат со специјални попусти за рани резервации!
  • Малолетните лица, доколку патуваат без родители, мора да имаат согласност од двајцата родители.- Патниците се пријавуваат во рецепцијата и сместувањето во хотелот, кај агенцијата за ваучер (освен во случај на неможност да го најдат договорениот хотел, кога треба да се обратат на телефонскиот број за итни контакти на ваучерот).
  • Телефонскиот број на претставникот ќе им биде достапен на патниците во моментот на издавање на ваучерот, а најдоцна 5 дена пред договореното патување. Доколку патникот подигне ваучер на кој не е наведен телефонскиот број на претставникот, должен е да се јави во агенцијата најдоцна 5 дена пред договореното патување.
  • Хотелската категоризација на сместување одговара на официјалната локална категоризација
  • Означувањето на категоријата хотел во програмата за патување е официјално утврдено, а важи на денот на склучување на договорот помеѓу организаторот на патувањето и странскиот партнер, а сите последователни промени кои не му се познати на организаторот на патувањето не смеат да бидат релевантни. Можно е до моментот на туристичкото патување во некои случаи да дојде до промена на категоријата сместување, намалување на дополнителните капацитети и работно време, промени во оброците, како и квалитетот и квантитетот на храната, несреќи и намалување. / проширување на капацитетите организаторот не одговара..
  • Организаторот на патувањето не гарантира за бројот на катови, поглед, број на апартмани или соби, седиште во автобус или авион, освен ако тоа не е наведено во ценовникот како опција за доплата.
  • Во услови на ниска сезона, а понекогаш и во сезоната, можно е да не се во функција некои содржини од сместувачкиот објект, угостителско-трговски објекти во местото на дестинација, за што не може да одговара Организаторот на патувањето.- Организаторот нема информации за временските услови, градежната сезона, работното време на рестораните и продавниците, во и околу сместувачкиот објект и затоа не презема одговорност поради можна бучава во сместувачките капацитети и единици. Организаторот, претставникот или локалниот партнер не може да влијае на бучавата во соседните сместувачки капацитети и единици.
  • Фотографиите од интернет презентацијата на внатрешната содржина на сместувачките капацитети и единици не гарантираат дека во меѓувреме немало промени во содржината и изгледот, ниту пак дека патникот ќе ја добие сместувачката единица по изглед, положба, опрема и големина како на фотографијата. Сите фотографии се преземени од официјалната веб-страница на хотелот.
  • Во сите објекти каде што има храна, услугата се заснова на принципот на самопослужување – избор на повеќе јадења, освен ако поинаку не е определено со политиката на хотелот.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не е одговорна.
  • Цените може да се прилагодат во согласност со Општите услови за патување и во случај на промени на курсот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен да ја оценува валидноста на патните и другите документи. Странските државјани се должни да се информираат за визниот режим на земјите во кои патуваат или низ кои минуваат.
  • На патниците со нови биометриски пасоши не им е потребна виза за престој во Грција.
  • Патната исправа мора да важи уште 3 месеци.