Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1.ДЕН 30.12.2025 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на С.Ц. Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2.Ден 31.12.2025 (СРЕДА) АТИНА
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта дочек на Новата 2026 година на некој од атинските плоштади. Ноќевање.
3.Ден 01.01.2026 (ЧЕТВРТОК) АТИНА – СУНИОН
Појадок. Факултативна посетасе на полудневен излет со посета на пристанишното и место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон . Враќање во хотел.
- Ден 02.01.2026 (ПЕТОК) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ – СКОПЈЕ
После појадокот, одјавување од хотел и се упатуваме на факултативен разглед на Пелопонез со водич.
Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ке имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.
Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.
Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон… Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови
ЦЕНИ:
| СМЕСТУВАЊЕ | ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ | 31.12 – 02.01
|
| HOTEL *** | 1/2 | 159€ |
| 1/3 | 149€ |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на наведената релација.
- Сместување во хотел со 3* во Атина, на база на 2 ноќевања со појадок.
- Панорамски разглед на Атина со водич.
- Организација на аражманот и пратител на групата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување.
- Факултативна посета на Пелопонез -не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус и Микена.
- Посета на Пирејa и Сунион.
- Влезница за во Акропол со водич и слушалки.
- Туристичка такса од 1.5 евро / лице (се плаќа во агенција).
- Индивидуални трошоци.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
За реализација на факултативите потребно е да има минимум 30 патници.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
АКРОПОЛОН (25 €)
Сместен на карпеста почва над Атина, Акропол е цитадела што најдобро ја прикажува архитектурата на класичниот свет. Најпознатата градба на овој камен рид е Партенон, храм посветен на божицата Атена (Ἀθηνᾶ) која била божица на цивилизацијата, т.е. на мудроста, женските вештини, ткаењето, занаетот и дисциплинарните страни на војната (насилството и крволочноста биле Аресов домен). И покрај вековните војни, земјотреси, грабежи и атмосферски влијанија, повеќето градби сè уште стојат.
СУНИОН (25 €)
Иако неговата позната статуа е одамна изоставена, безбедно затворена во Националниот археолошки музеј во Атина, големиот Посејдон не бара бронзен реквизит за да се осети неговото присуство. Грците отсекогаш го гледале морето, за враќањето на најблиските, за сигурна испорака на стоки, за вести за војна. Можеби затоа Храмот Посејдон, со својот прекрасен поглед на Егејскиот дел, се чини дека сè уште ја исполнува улогата на морска вода од високиот мов.
ПЕЛОПОНЕЗ (45 €)
Пелопонез, земја на некогашната храбрата Спарта, со раскошно културно – историско наследство. Некогаш Пелопонез бил споен со копното. Со прекопувањето на Коринтскиот канал 1893 година станува остров. Денеска на две места е поврзан со остатокот од Грција, преку Коринтскиот канал и мостот Рио Антирио. Епидаурус, археолошки парк, оддалечен 30 километри од Нафлио. Сместен во борова шума, локалитет е под заштита на УНЕСКО. Амфитеатарот во Епидаурус е еден од најзачуваните и е светски познат. Во 4 век п.н.е. собирал околу 15 000 посетители. Фантастичен, заради акустичноста. Од централниот дел, во средината каде има бел камен, кога се говори се слушаат сите зборови до крајот. Тоа се потврдува со аплауз. Воодушевува, бидејќи е конструиран така што гледачите и од првите и од последните редови, полукружни и концентрични, можат подеднакво да ги следат содржините од различните програми. Амфитеатарот е активен. Се одржуваат театарски претстави и концерти. Се организира фестивал на античката драма. Епидаурус бил свето место и еден вид болница. Дел од објектите биле посветени на богот на медицината Асклепи. Во близината е неговиот храм. Тука е и Археолошкиот музеј со експонати кои сведочат за почетоците на медицинското лечење, бројни скулптури, столбови и различни детали. Микена е посебна со сопствена култура од 16 до 12 век п.н.е. Откриена е од германскиот археолог Хајнирх Шлиман, кој потоа ја најшол и Троја. Таа е најстара и најзначаен европски археолошки локалитети на листата на културно наследство на УНЕСКО. Во Пелопонеската војна, најголемата во историјата на Грција, победила Спарта. Микена е на рид од 300 метри, стратешко место со поглед на целиот простор. Кога ќе се погледнат околните врвови, ридови се гледаат силуети на војници, создадени од природата. Остатоци од масовно здание. Големи камени болкови, градена од еднооки џинови, киклопи. Коринтскиот канал е чудо кое го спојува Егејското со Јонското море. Рачно ископан канали долг 6 километри, широк 21 метар, а висок 79 метри. Одозгора личи на амбис. Има два моста, железнички и автомобилски.





