23.05.2025 – Планирано време за поаѓање према Белград во раните утрински часови во 02:30 часот од Битола. Патот води преку граничен премин Табановце. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје или Куманово доколку има пријавени. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови, со локалниот водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), посета на храмот св.Сава, Калемегдан – Белградската тврдина како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. Слободно време за индивидуални прошетки. По прошетките во централниот дел од градот се упатуваме према ЗЕМУН – една од најстарите населби населени покрај реката Дунав која е карактеристична по автентична атмосфера, сплавови, кулата ГАРДОШ и други културно-историски споменици.
КУЛАТА ГАРДОШ- или уште позната како Милениумска кула или кулата на Сибињанин Јанка е една од четирите милениумски кули која е изградена од страна на Унгарија. Кулата е најпрепознатлив симбол на Земун изградена во 1986 година со висина од 36 метри.
По прошетките во договорено време собир со групата и упатување према хотел, сместување. Вечерта слободно време. Ноќевање.
24.05.2025 – Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник(Бермет). Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград. Градот кој важи за еден од најубавите, лежи на брегот на реката Дунав, со поглед кон северните падини на планината Фрушка Гора и освен што нуди бројни природни убавини и историски наоѓалишта, исто така е и центар на српската култура, уште од формирањето во 1694-та година. По разгледот во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.
Напомена: Постои можност за организиран ручек во етно ресторан – салаш во Нови Сад, информации нахнадно.
25.05.2025- Појадок. Одјавување од хотелот околу 08:30 часот. Се упатуваме према факултативно крстарење на Дунав и Сава околу сат и половина. Патниците кои не доаѓаат на факултативата ќе бидат слезени во трговски Ушче и од истото место во договорено време се собира групата за назад. Со останатите патници кои доаѓаат на факултатива после крстарењето се упатуваме према трговски центар Ушче, слободно време за индивидуални прошетки во трговскиот, време за ручек, кафе или шопинг… Околу 15 часот планирано време за поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7900 денари
Во цената е вклучено :
- Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
- ЛИНК ДО СМЕСТУВАЊЕТО ( https://www.hotellav.co.rs/ )
ХОТЕЛОТ СЕ НАОЃА ВО ЗЕМУН - Организација и водство на патувањето со лиценциран пратител на групата
- Дегустација на вино во Сремски Карловци (за патниците кои доаѓаат на факултатива) и разглед со локален водич во Нови Сад
- Разглед на Белград со локален водич
- ПОСЕТА НА КУЛАТА ГАРДОШ
Во цената не е вклучено:
СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ + ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД – 30 еу (со локален водич)
ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА –20 еу
Туристичка такса 200 денари по лице се плаќа задолжително во агенција
Патничко осигурување ( Информации во агенција )
НАПОМЕНА!!!
* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.
* Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
* Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.