Белград – Нова година

4194

Белград е главен град на Србија, воедно и нејзин најголем град. Важи за град кој изминатите години се издвои како посебна атракција за туристи, како за оние кои акцент ставаат на културата, музеите и архитектурата, така и за оние кои пред се сакаат да искусат квалитетен и поразличен провод. Белград е синоним за најдобар ноќен провод во овој дел од Европа. Богата понуда на ресторани, барови, кафичи, затворени клубови, сплавови и од скоро актуелните градски кафани кои се печат за овој град. Токму затоа е толку актуелен кај помладата популација.

Цената на аранжманот вклучува:

  • 2 ноќевања во избраното сместување, (Hotel Trim со појадок или Лола апартмани)
  • Автобуски превоз на релација спрема програмата
  • Пратител на групата за време на аранжманот
  • Организациони и други трошоци на агенцијата.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Меѓународно патно и здравствено осигурување
  • Факултативни излети на дестинацијата (дневна забава и две прослави)
  • Индивидуални трошоци на патникот
  • Туристичка такса 1.5 €

ХОТЕЛ ТРИМ
Хотел Трим се наоѓа во најубавиот дел на Белград, Кошутњак, во убаво уредениот парк во кој се наоѓаат бројни спортско – рекреативни и угостителски објекти. Оддалечен е на 5 километри од строгиот центар на градот. Во близина на хотелот се наоѓа Ада Циганлија, речниот остров така наречено морето на Белград кој го посетуваат повеќе од 100 000 посетители во текот на летниот период.

Хотел Трим располага со двокреветни соби. Сите соби се опремени со телефон, телевизор, тоалет со туш кабини и посебно изработени кревети чија должина е 2,1m. За гостите е обезбеден и бесплатно wi–fi.
Хотелот има ресторан кој нуди одличен појадок за сите патници.

Сместување Тип на соба 30.12 – 01.01
Hоtel Trim 1/2 
99

Lola Apartments

Lola Apartments нуди сместување со одличен квалитет и се наоѓа во центар на Белград односно до самиот парк познат како “Код Вука” или “Вуков споменик” на само 2 километри од Кнез Михаилова. Апартманите нудат посебно пространи и удобни соби. На располагање се 1/4, 1/3 апартмани. Сите соби имаат мини кујна, клима уред, WC со туш кабина, TV и WI – FI интернет.

Lola Apartments
1/4
1/3
69€
69€

Програма на патувањето:

1 ден: 30.12.2019
Тргнување веднаш по полноќ 30.12.2019. Возење преку Македонија со попатни паузи и гранични формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хотел/апартмани. Факултативен разглед на градот со локален водич.. Во вечерните часови факултативна посета на клуб/сплав – Welcome Party. Ноќевање.

2 ден: 31.12.2019
Дневна забава во некои од познатите клубови/сплавови, загревање за прослава на новогодишната вечер. По забавата враќање во хотел/хостел и припремање за новогодишната вечер. Загревање и прослава во некој од познатите клубови/сплавови во Белград – New Year Party. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2020
Напуштање на хотелот/апартманите во утринските часови. Тргнување за Македонија. Возење преку Србија и пристигнување во Македонија во вечерните часови.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • 30% при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до седум дена пред предвидениот рок за тргнување

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел.