Белград – Нови Сад – Авалската кула – Сремски Карловци

1147

По убавите вести дека можеме да патуваме слободно во Србија, ви нудиме едно поинакво доживување и перспектива на Белград, Нови Сад, Авалската кула, Сремски Карловци за 08-декември

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 69€ евра по лице (со задолжителна резервација на пакетот факултативи), 79 евра без факултативи, редовна цена 89 евра
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ КОЈ ГИ ВКЛУЧУВА СИТЕ ТУРИ во вредност од 60 евра, со резервација во агенција го добивате за само 55 евра

Важи исклучиво со резервација и уплата на 13.11
Термин: 04.12-08.12
Телефон: 070/338-870

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок во Белград
  • Автобуски превоз на релација Скопје- Белград-Скопје
  • Пешачка тура низ центарот на Белград со водич
  • Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Крстарење по реките Сава и Дунав со водич (превоз) – 20 евра
  • Посета на Нови Сад и Сремски Карловци со вклучена посета на винарија со дегустација на вино и водич– 25 евра по лице
  • Посета на Авала и Авалската кула со водич – 15 евра по лице

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ КОЈ ГИ ВКЛУЧУВА СИТЕ ТУРИ во вредност од 60 евра, со резервација во агенција го добивате за само 55 евра

ИНФОРМАЦИИ:

  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Граничниот премин Табановце
  • За сингл соба се доплатуваат 35 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 49 евра
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН петок (04.12)

Собир на групата пред Дрводекор во Скопје на полноќ. Патувањето не води преку граничниот премин Табановце каде можете да патувате со пасош или лична карта. Попатни паузи за одмор и освежување.

ВТОР ДЕН сабота (05.12)

Планирано пристигнување во Белград во утринските часови, каде веднаш се упатуваме на прекрасна пешачка тура со локален водич и се запознаваме со центарот на градот. Турата започнува пред хотелот Москва, еден од најстарите хотели во Белград, па откако нашите домаќини ќе ни се претстават, започнуваме со патувањето низ историјата. На самиот почеток ќе се запознаеме со Белград преку некои основни информации и поими поврзани со историјата и развојот на градот. Прошетката продолжува во правец на палатата Албанија и познатата Кнез Михајлова. Застануваме на плоштадот Република, централниот градски плоштад, омиленото собиралиште на младите и центарот на сите случувања. Плоштадот Република е главниот плоштад на кој се наоѓа споменикот на кнезот Михајло, ослободителот на Белград од турското ропство, зградата на Народниот Музеј, Народниот театар. Од споменикот, прошетката продолжува по улицата Кнез Михајлова, централната градска пешачка зона, каде се наоѓаат едни од најубавите згради кои го красат Белград, како и голем дел на разни познати трговски марки. Потоа ќе ја видиме најстарата кафеана „Знак Питања“ и се упатуваме кон Соборната црква, зградата на српската Патријаршија и конакот на кнегињата Љубица, локација која може да се смета за една од клучните историски места во Белград. Тоа е место каде се преплетува духот на историјата на градот со неговата боемска страна и православието. Продолжуваме кон тврдината Калемегдан, скапоценоста на Белград. Средовековната тврдина Калемегдан, денеска е убав парк, кој го краси центарот на градот. Тврдината чија изградба започнала уште во 13-от век, на старо-римските темели кои подоцна го усовршиле австроунгарците, лежи на брегот на реката Сава и Дунав и е сведок на посетите на големите освојувачи како Атила Хана, Сулејман Величествениот и многу други. После видиковецот на Калемегдан се упатуваме на споменикот на благодарноста на Франција, големиот сојузник на Србија во Големата војна, потоа кон споменикот на Победата, кое е вајарско ремек дело, и до ден денешен е најголемиот и најсилниот симбол на Белград. Победникот го држи својот меч во една, а гулаб во другата рака и тоа дава силен симбол за духот на градот, кој секогаш гостите ги пречекува со раширени раце. Следува прошетка на Дорчол, во најстариот дел на градот, а името води потекло од турскиот јазик и значи раскрсница, кој денес убаво го доловува духот на отоманското и австроунгарското царство на Белград. По тесните улички на Дорчол стигаме до Бајракли Џамијата која денес е еден од најстарите споменици на културата на градот и е единствената зачувана џамија во Белград. Потоа следува пауза, време за одмор, моментот кога ги собираме впечатоците во кафе барот АВАНТУРИСТ, автентично белградско кафуле, создаден токму за љубителите на патувања, место кое го посетуваат сите туристи.

По запознавањето со Белград, се упатуваме кон хотелот, каде се чекираме и следува слободно време за одмор и индивидуални активности.

Во попладневните часови околу 17ч е предвидено незаборавно крстарење по реките Сава и Дунав, двете реки кои го спојуваат Белград и на градот му даваат сосема друга димензија. Ќе го видите залезот на Сонцето и ќе уживате во оваа прекрасна панорама на Белград. Организирано одење со автобус до марината и назад, а крстарењето трае околу час и половина. Поглед на Калемегдан, спојувањето на реките и прочуените белградски клубови, барови и сплавови на Сава, новиот проект на градот кој доминира над реката, Белград на вода, секако со присуство на лиценцираниот водич, кој на најубав начин ќе ви ја претстави современата историја на овој град.

Потоа заминуваме кон хотелот и има слободно време. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН недела (06.12) – Нови Сад и Сремски Карловци

Поаѓање од хотелот по појадокот во утринските часови, каде на некои 80км од Белград се наоѓа градот Нови Сад, центарот на Војводина и втор по посета после главниот град на Србија, град кој на своите посетители им пружи широк спектар на содржини.

Нови Сад, како и Белград, може да се пофали со повеќе вековна долга историја, чија најпозната знаменитост е Петроварадинската тврдина, една од најголемите и најзачуваните средновековни тврдини во Европа. Нови Сад денеска е домаќин на еден од најдобрите Европски музички фестивали ЕГЗИТ. Град со тесни и шаренолики улици, проткаени со духот на панонското гостпоримство. Тука се наоѓа и малиот, но исклучително значаен град за српската култура, Сремски Карловци.

Сремски Карловци се смета за најубавиот барокен град во Србија, град каде се наоѓа најстарата гимназија во Србија. Околината е збогатена со влијанието на планината Фрушка гора, со богат виногради, па така овде можеме да најдеме мноштво на мали вински винарии, каде можете да ги пробате најубавите вина во Србија.

Денот започнува со посета на Сремски Карловци, каде не очекува мал видиковец, каде ќе го видите градот од поинаква перспектива од каде се спуштаме кон центарот на градот, каде следува кратка пешачка тура на која ќе се запознаеме со најубавите знаменитости и градби на градот. Застануваме пред најстарата гимназија, во чија близина се наоѓа прочуената фонтана „4 лава“. Продолжуваме кон Соборната црква и старата римокатоличка катедрала. По прошетката која трае околу половина час, се упатуваме кон винските подруми, каде не очекува дегустација на едни од најубавите вина во Србија.

Потоа патот не води кон Нови Сад и Петроварадинската тврдина со фантастичен поглед кон градот. Потоа прошетка и запознавање со центарот на градот. Останатиот дел од денот е резервиран за индивидуални активности и за патниците кои сакаат можност за организирана посета на некој од традиционалните ресторани за ручек. Во договорено време групата се враќа за Белград и следува ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН понеделник (07.12)

Авала – видиковецот и симболот на градот. Со своите 511 метри надморска висина, Авала се вбројува како планина, и е омилено место за излети, во пошироката околина на Белград. Место населено уште одамна, па и денес има остатоци од средновековната населба Жрнов, кој бил еден од првите линии за заштита на градот. Авала е заштитена со природните добра, која ја краси Авалската кула и споменикот на Незнајниот јунак. По појадокот се упатуваме кон Авала, и следува слободно време за обиколка на споменикот на Непознатиот јунак, и поглед кон Шумадија. По тоа се упатуваме кон Аваласката кула, која откако се појавила на телевизија во 20 век и по поставувањето на големиот репетитор, станала една од симболите на Белград за време на бомбардирањето во 1999 та година и била срушена. По реконструкцијата во 2010-та година, кулата повторно го враќа својот сјај, овој пат збогатена со тераса и прекрасен видиковец со кафе бар. Време за одмор и кафе пауза.

Потоа, продолжуваме со панорамско возење низ Белград, по еден од најголемите булевари кој води до Дедиње, дел од градот кој изобилува со скапоцени вили и зеленило, кој се смета за најекслузивниот дел на градот. Застануваме кај Белиот двор, резиденцијата на палатата на кралската Династија Караѓорѓевиќ, стадионот на Партизан (стадионот на ЈНА) и Црвена Ѕвезда (Маракана) и храмот Света Сава. Следува слободновреме за разглед и потоа се враќаме кон центарот на градот, до плоштадот Славија, кој претставува еден од најголемите и најпрометните кружни текови во Белград и улицата крал Милан, покрај зградата на Претседништвото и градското Собрание.

Патот го завршуваме кај новиот и најголем трговски центар во Белград „БЕО“ отворен годинава, каде ги има сите познати трговски марки, како и познатиот ланец кафулиња Старбакс. Слободно време за шопинг околу 3 часа. Предвидено тргнување за Македонија во вечерните часови. Планирано пристигнување е на 08.12 во раните утрински часови.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 5 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел.