Бизарни факти за Прага, кои ќе ве натераат да ја посетите

974

Прага е подеднакво убава како и Парис. Нејзината убавина датира цел милениум. А пивото? Најубавото во Европа. Градот има некаква магија во себе што привлекува милиони туристи секоја година. Но има неколку работи кои сигурно оние кои доаѓаат за прв пат во овој средновековен град и не ги знаат. Следуваат неколку кул и чудни факти за Прага што сигурно не ги знаевте, а со сигурност ќе ви го привлечат вниманието.

Можете да одите во пиво спа (пивска бања)

Точно така, можете да се капете во пиво и да го пиете во неограничени количини (секако од кригла, не од кадата). Очигледно содржината на пивото помага за отворање на порите, кои прават посвеж изглед на кожата. Наводно помага да се подобри имунитетот, да се стимулира метаболизмот и да се олесни стресот – кој би знаел дека пивската бања може да биде толку ревитализирачка.

Бизарната легенда за кулата со астрономскиот часовник

Според легендата, мозокот кој стоел зад создавањето на астрономскиот часовник кула во Прага, Ханус Каролинум, бил ослепен од советниците во Стариот град со жешка прачка. Причината поради која го сториле тоа е повеќе од бизарна. Се плашеле дека Ханус ќе го рекреира часовникот во друг град, а со тоа веќе постоечкиот ќе биде помалку познат и уникатен. Брутално.

И сепак беше реплициран

Без разлика на потфатот на советниците, реплика на Астрономскиот часовник и тоа потполно иста има во Хонгдае, во Северна Кореа.

Свинско колено е всушност вкусно

Овој чешки деликатес можеби некому не му звучи чудно, но за некои звучи одвратно. Но, не залудно велат да не се суди пред да се проба, има причина зошто чесите се толку опседнати со овој специјалитет. Затоа пробајте!

Прага е дом на втората најгрда зграда во светот

Многу жители на Прага ја мразат зградата Зизков, што од политички причини, што поради тоа што го нарушува средновековниот концепт на градот. Таа е сива, висока зграда која изгледа како штотуку да ќе полета. Сепак, ако ја посетите, на самиот врв можете да уживате во одличен поглед.

Најголемата дискотека во Европа е тука

Сите кои патуваат сакаат и малку забава, а Прага е еден од најдобрите градови за тоа. Karlovy Lázně, точно во центарот на градот е најголемата дискотека во Европа.

Има 5 спрата со барови, подиуми, со различни тематики (вклучувајќи и леден бар) и музика за сечиј вкус. Со сигурност ќе ја имате забавата на вашиот живот.

Најголемиот замок во светот

Дали знаевте дека Прашкиот замок е најголемиот во светот? Средновековниот замок од 130 метри и нејзините 70.000 квадратни метри земјиште привлекуваат скоро 2 милиони посетители секоја година и доби свое место во Гинисовата книга на светски рекорди. Ова е чешка атракција што не може да ја пропуштите за време на патувањето во Прага.

Најдобриот поглед на градот го има токму на кулата Петрин

Слично со Ајфеловата кула, но висока од 60 метри (и никаде не е толку позната, очигледно), Петринската кула стои на врвот на брдото Петрин, со што 60-те метри изгледаат повисоко отколку што навистина е.

За оние кои се храбри за височини, ако се искачат на врвот ќе бидат наградени со луди погледи на Прага.

Жителите на Прага конзумираат најмногу пиво на светот

Ве очекува вистинска забава со локалците, бидејќи овој факт е точен со години. Ако мислевте дека сакате пиво, тогаш сте згрешиле. Чесите го сакаат повеќе од било која нација на светот.

Познатиот Карлов мост е опседнат со духови, и тоа многу

Најпознатиот мост во Прага е Карловиот мост, кој го поврзува Стариот град со Мала страна над реката Влтава. Наводно, мостот, кој бил изграден уште во 1300-тите години, е прогонуван од духови чии глави завршуваат на блиските шила.

Најтесната улица во Прага е едвај 50см широка

Најтесната улица во Прага е едвај 50 см широка, а поради тоа што е толку тесна има свои семафори. Семафорот ги спречува пешаците да се сретнат во средината, а потоа да се прашуваат како да одат од една до друга страна.

Човекот кој виси е само скулптура

Прага е позната по своите невообичаени скулптури – но за оваа често мислат дека е вистински обид за самоубиство. Скулптурата од човекот кој виси, го отсликува австрискиот невролог Сигмунд Фројд и може да се најде во Стариот град во Прага. Фројд страдал од бројни фобии, вклучувајќи го и стравот од сопствената смрт.

Посетете ја Прага за 8-ми декември и уживајте во овие необични места заедно со Божиќниот маркет. Комплетната понуда ТУКА!