Божиќен маркет во Прага – Вистинска зимска бајка

2216

Кога ќе се спомне за годишното време зима, првата асоцијација е студ и снег и веднаш жалиме за летото. Но сетете се кој е најубавиот празничен период и кога се чувствувате исполенти со позитивна енергија и убаво чувство? Да, токму така, Божиќниот и новогодишниот период се едни од најволшебните месеци, особено во европските земји каде Божиќ се слави пред новата година и сите плоштади заблескуваат во прекрасната божиќна магија.

Прага, Виена, Будимпешта, Братислава, Германија, Франција, Англија се само дел од земјите кои ги имаат едни од најубавите божиќни маркети, а овој пат ќе се фокусираме на Прага како еден од градовите кои ги имаме на нашата агенда за празникот 8-ми декември.

Божиќен маркет во Прага

Оваа година официјалното отворање на маркетите е на 1-ви декември, а ќе траат се до 6-ти јануари 2019-та година. Отворени се секој ден во текот на целиот ден и ги има кај Стариот градски плоштад и плоштадот Вацлав. Вистинско „зимско чудо“ ги очекуа сите посетители кои ќе уживаат во празничната атмосфера, шетајќи низ тезгите, слушајќи божиќни песни, заедно со одлична храна и локални пијалоци.

Божиќните пазари (Vanocni trhy) се клучната состојка на празничната магија во Чешката Република, а пазарите во Прага се најимпресивните во земјата. Тие го осветлуваат градот, со што локалните жители и туристите се вклопуваат во таа зимска бајка.

Што се всушност божиќни маркети?

Божиќни маркети во принцип се дрвени колиби кои се украсени со светла, полни со локални ракотворби – керамика, накит, везени чинии, дрвени играчки, миризливи свеќи, орнаменти од елки, капи и ракавици, кукли облечени во традиционална носија. Посетителите тука наоѓаат убави сувенири за да ги декорираат своите куќи или пак подароци за своите најблиски.

Но, целта не е само да се купува. Посетителите можат да пробаат дел од локалната храна и пијалоци и дури и да гледаат како се произведуваат. Во Прага традиционалната храна е: прашката шунка (печена на посебен начин), неверојатно нездрава, но превкусната кобасица на скара, унгарски леб со кромид, кашкавал и кечап, палачинки, и разни висови на колачи кои се прават буквално пред вашите очи, како што е „трделник“, интересно пециво со шеќер во прав.

За пиење ги има познатите чешки пива: Pilsner Urquell, Staropramen или Budvar. Покрај пиво има избор и од други пијалоци како Медовина – вино со мед, греено вино, топло чоколадо, и грог, микс од рум, вода, лимон и шеќер. Секогаш божиќниот шопинг е поубав со чаша греено вино во рака.

Најимпресивно од се е големата божиќна елка кај Стариот плоштад, донесено од шумите на Централна Бохемија. Дрвото е накитено со многу светилки, кои секој ден се вклучуваат токму во 16:30 часот, заедно со класична музика. Навечер изгледа прекрасно кога ќе се спои со прашкото темно готско небо. И на плоштадот Вацлав има божиќна елка, но малку помалку спектакуларна од онаа на Стариот плоштад. Тука светлата се палат во 17часот, исто со музика.

Но што е Божиќ без божиќни песни? Училишни хорови и фолк групи често изведуваат песни доцна попладне на сцена кај Стариот плоштад. Облечени во традиционални костими, децата патуваат од сите краишта на државата само за да настапуваат.

Целата празнична атмосфера во Прага за време на овој период е едноставно прекрасна.

Времето во Прага и како да се облечете

Времето во декември во Прага е неверојатно променливо. Најниската просечна температура е околу (-2) степени, но често знае да дојде до драматична промена во едниот или другиот правец. Знае да има светли, сончеви и релативно топли периоди, но подеднакво може да има тешки снежни бранови кои знаат да траат со денови или недели, кога температурата држи под нулата.

Што се однесува на облеката, понесете си топла зимска јакна, капа, шал и ракавици. Прага е прекрасен град за да се истражува пешки, а затоа земете си и удобни чизми.

Што да разгледате во Прага

Разгледувањето во Прага е волшебно, прекрасни плоштади и згради кои треба да се истражуваат, и драматична историја за откривање. Божиќните украси и празничната атмосфера им даваат уште поголем шарм на историските објекти од вообичаеното.

Не пропуштајте да бидете дел од оваа Божиќна приказна во Прага за празникот 8-ми декември заедно со Го Травел. Комплетната програма можете да ја прочитате ТУКА!