Божиќната магија го зафати островот Крф

613

Божиќната магија и новогодишната еуфорија го зафати целиот свет, а секако тука не изостануваат и островите кои се популарни за време на летната сезона. Островот Крф живее буквално 24 часа во денот и на лето и на зима. Можеби кај нас температурите се под нулата, но таму, иако е декември дневните температури сеуште се многу повисоки и достигнуваат и до неверојатни 18 степени. Тоа е незамисливо за нашите услови, но таму е сосема нормално. Сепак, Божиќ и нова година е секаде, па така нашата омилена летна дестинација и покрај тоа што е прекрасна на лето, исто толку убава е и во зима.

Плоштадите во стариот дел од градот Крф, блеснаа во новогодишно руво. Малите тесни сокачиња се накитени и осветлени, а сето тоа збогатено со убавината на градот прават вистинска островска, божиќна бајка.

Погледнете ги фотографиите од празничната магија на Крф.