Будимпешта (Братислава-Сент Андреа)

419

ПРОМО ЦЕНА:  99 евра (6130 денари)  со уплати до 31.10.2019, Редовна цена: 109 евра (6760 денари) со резервација на пакет факултативи

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
  • Сместување во хотел  3***  2НП
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето,
  • Организација и реализација на аранжманот
  • Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(Црна река),Велес и Куманово.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евр
  • Крстарење со брод по Дунав – 15 евра
  • Посета на Братислава -25 евра
  • Посета на Сент Андреа -10 евра
  • Патничко осигурување-300 денари

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)

1 ден (06.12.2019 – петок)  СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок со групата на Дрводекор  во 18.00 часот, тргнување  во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (07.12.2019 – САБОТА)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта Крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (08.12.2019 – НЕДЕЛА) БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА 
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Словачката престолнина Братислава. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

4 ден (09.12.2019 – понеделник) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 10.12.2019 (вторник).