Будва

584

ВЕЛИГДЕН ВО БУДВА – ДУБРОВНИК – КОТОР – ТИВАТ – ПОРТОМОНТЕНЕГРО-ОСТРОГ

09.04.2026 – Собир на групата во 22:00 часот на спортска сала Битола. Планирaно поаѓање околу 22:30 часот.. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Точни сатници се одредуваат два дена пред поаѓање заради организација на пријавени патници од повеќе градови. Агенцијата е должна да ги извести патниците за место и време на поаѓање.

10.04.2026 – Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, прво место за посета е Острошки Манастир, изграден на карпи на 900 мнв. во 17 век, каде чудата не престануваат. Околу 2 часа ке се задржиме во Острог па потоа продолжуваме према Будва. Сместување. Во договорено време со водичот се посетува стариот град во Будва. Слободно време за уживање и прошетки во Будва. Ноќевање.

11.04.2026 – Факултативен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник разглед на градот со локален водич, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн… Дубровник е една од најпопуларните хрватски дестинации за туристите. Туристите од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат историјата на стариот град Дубровник и неговите ѕидини. Ѕидините се градени неколку векови, паралелно со развивањето на градот како трговска велесила. Тогашната Република Дубровник била принудена да изгради огромни ѕидини околу градот за полесно да се одбрани од напади…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање за Будва. Ноќевање.

12.04.2026

Во утринските часови планирано факултативна посета на КОТОР,  ТИВАТ И ПОРТОМОНТЕНЕГРО.

По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно време да се прошета низ стариот дел на градот, па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и секако фотографирање во ПОРТОМОНТЕНЕГРО. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус.

По разгледите се враќаме во БУДВА. Ноќевање.

13.04.2026

Одјавување од апартманите во 09 и 30 часот. Поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во доцните часови.

Промо цена од 139 ЕУ – 3 ноќевања со појадок во хотел / Редовна цена 159 ЕУ

Промо цена од 119 ЕУ – 3 ноќевања во апартмани без оброци / Редовна цена 139 ЕУ

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација од Битола
  • ТРИ ноќевања во Будва (хотелско сместување со појадок или апартманско без појадок)
  • Посета на Острошки Манастир
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

*ДУБРОВНИК (со локален водич и слушалки) и вклучен траект на заливот Бока Которска – 45 еу ( за реализација се потребни минимум 20 пријавени патници)
* КОТОР– ТИВАТ – ПОРТОМОНТЕНЕГРО – 25 еу,
Задолжително е да се одбере минимум една од наведените факултативи на промо цената!

*Патничко осигурување (Информации во агенција)
*Туристичка такса 2 еу по ден по лице
*Туристичка такса за Острошки Манастир – 1 еу

(Трансфер од други градови со доплата +15)

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • Со оваа програма важат Општите услови на патување.
Translate »