БУДВА-ДУБРОВНИК-КОТОР-ПЕРАСТ-ПЛОЧЕ

2328

(05.09.2024) – Состанок на група во договорено време. Ноќно и денско патување со паузи и царински формалности. Патувањето е преку граничен премин Ќафасан.

(06.09.2024) – По само пристигнување во Црна Гора, прво го посетуваме градот БАР. Во Бар она што треба да се посети е  храмот посветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора, палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век и прошетка по кејот и центарот во градот. Слободно време за кафенце покрај море. Во договорено време поаѓање према Будва со попатно застанување кај Св.Стефан. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути па продолжување кон Будва и сместување во апартмани. По сместувањето слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, посета на трговски центар, стариод делна градот или капење и сончање на плажа. Ноќевање.

(07.09.2024)– ПЛАНИРАН факултативен разглед на ДУБРОВНИК. Поаѓање за Дубровник во 09 часот, каде имаме слободно време за прошетки низ стариот град, тврдините, улицата Страдун, црквата Св.Влах и други културни знаменитости. КАКО И СЛОБОДНО ВРЕМЕ ЗА КАПЕЊЕ НА ПЛАЖА НА НАЈМОНДЕНСКИОТ ГРАД НА БРЕГОТ НА ЈАДРАНОТ.

Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија.

Во договорено време враќање за Будва. Ноќевање.

(08.09.2024) – Во утринските часови планирано факултативна посета на КОТОР, КРСТАРЕЊЕ СО ГЛИСЕР, ПОСЕТА НА ПЕРАСТ, ГОСПА ОД ШКРПЕЉА, ПОТОА ОДИМЕ ПРЕМА ПЛОЧЕ ПОЗНАТА ПО ДНЕВНИТЕ ЖУРКИ И ‘PENA PARTY’ ДО ЗАЈДИСОНЦЕ.

Забавата започнува кога одиме на крстарење. Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно време да се прошета низ стариот дел на градот. По прошетките продолжуваме према ПЛОЧЕ, која важи за најатрактивна и најпопуларна плажа во Црна Гора. ЖУРКАТА ќе трае се до зајдисонце. Враќање во Будва. Ноќевање.

(09.09.2024)–Одјавување од апартманите во 09 и 30 часот. Слободно време до 15 часот во Будва. Поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во доцните часови.

Промо цена до  – 109 еу за резервации до 05.08.2024

Редовна цена: 119 еу

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација (трансфер од други градови доплата 10 еу)
  • ТРИ ноќевања во Будва
  • Посета на Бар
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

  • ДУБРОВНИК – 25 еу
  • КОТОР+крстарење со глисер + Пераст + островот Госпа од Шкрпеља – ПЛОЧЕ – 35 еу,
  • Патничко осигурување (Информации во агенција)
  • Туристичка такса 1.5 еу по ден

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се предвидат со оглед на ситуацијата со Ковид мерките.
  • За селекција на седиште се доплаќа 10 еу по лице.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош со Р.С.М
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.