Денот на вљубените во Будва-Котор-Херцег Нови-Острог
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 55€ по лице
Во цената на аранжманот е вклучено:
- 2 ноќевања во вила во центарот на Будва
- Превоз со високотуристички автобус
- Посета на манастирот Св.Василије Острошки
- Посета на трговскиот центар DELTA CITY
- Лиценциран пратител во текот на целото патување
- Организација и реализацијa на аранжманот
Во цената не е вклучено:
- Факултативен излет до Котор-Херцег Нови и Тиват – 10 евра
- Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог
- Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место
- Можност за организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река и Велес со доплата 5 евра по лице
ПРОГРАМА:
Ден 1 – 11.02.2021 (Четврток)
Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 – 12.02.2021 (Петок)
Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. По посетата на Острошки Манастир, се уплатуваме кон шопинг центарот Delta City во Подгорица. Во договореното време поаѓаме кон Будва. Сместување во вила во центарот на Будва. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Ден 3 – 13.02.2021 (Сабота)
Третиот ден е предвиден за факултативтна посета на градот Котор, Херцег Нови и Тиват. Најпрво се упатуваме кон Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. По посетата на Котор се упатуваме кон Херцег Нови. Херцег Нови е град на брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центар на Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castelnuovo. Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Слободно индивидуално време за прошетка низ градот. Во договорено време се упатуваме кон Тиват. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Патувањето го продолжуваме кон Будва. Враќање во Будва. Ноќевање.
Ден 4 – 14.02.2021 (Недела)
Одјавување од вилата. Слободно индивудално време за прошетка низ центарот на Будва. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Напомена:
- Се патува со лична карта или пасош
- За влез во Црна Гора не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела
- За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници
- Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.