Cora Hotel & Spa Resort***** – Афитос, Халкидики

148

Cora Hotel & Spa, oпкружен со палми, со убав поглед од ридот на заливот Торонеос, овој хотел со 4 ѕвезди се состои од 8 комплетно реновирани згради и на само 3 минути пешачење до приватната плажа преку пешачки мост. Со новиот менаџерски тим, Cora Hotel & Spa Resort нуди 182 целосно реновирани соби, 2 ресторани, 4 бара и кино на отворено, конференциски услуги, Спа и фитнес центар, отворени и затворени базени и многу повеќе. Традиционалното село Афитос е оддалечено 3 километри, додека аеродромот во Солун е на 70 километри. Во понуда се сместувачки единици за 2 лица, 2+1 дете, 2+2 деца, па до максимум 4 возрасни или 2 возрасни и 3 деца. Услугата е ноќевање со појадок или полупансион. Од хотелските содржини издвојуваме: 24-часовна рецепција, менувачница, изнајмување на велосипеди и автомобили, продавници, надворешен паркинг, бежичен интернет, 4 бара, 2 ресторани, спа центар, внатрешен базен, теретана, надворешни базени за возрасни и деца. Лежалките на плажата се со доплата.