Еве колку пари троши просечна жена на гардероба за одмор

1635

Дали си ова ти?

Според некои истражувања, повеќе од 60% од жените се опседнати гардеробата која ќе ја носат на нивниот одмор. И покрај тоа што нивниот гардеробер е веќе пренатрупан, никогаш не е доста од накит, додатоци за плажа, торби, костими за капење, летни фустани и се и сешто. Некои податоци велат дека надвор од аранжманот за летување и предвидениот буџет за трошење, просечната жена за својот годишен одмор само на гардероба и козметика троши повеќе од 300 евра (кога се на се ќе се соберат сите ситници за кои велиме дека не се ништо).

Истражувањето исто така докажало и дека и покрај тоа што се купува толку многу и се трошат толку пари, сепак жените едвај употребуваат 50% од работите. Секоја си има свои омилени парчиња од кои со години не се откажува и на крајот завршува повторно во нив.

Затоа жени, пред да ве зафати летната шопинг манија, избројте до 10, размислете што и дали навистина ви треба. Направете список и почнете едно по едно да прецртувате. Ќе се изненадите на крајот колку работи ќе останат непрецртани, а и колку пари ќе ви останат. Нели е подобро тој буџет да се искористи на вашиот одмор и да го изненадите вашиот сакан со некоја романтична вечера покрај море?