Евиа – Лето 2021

2101

После успешните тури на Евиа, Го Травел повторно ве носи на прекрасниот остров на термалните извори.

ПРОМО ЦЕНИ! До 15.06!

Евиа, втор по големина остров во Грција или трет на источниот Медитеран, се наоѓа на околу 490 км оддалеченост од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја прават Евиа една од најпопуларните дестинации помеѓу домашното население. Главниот град на островот е Халкида, кој во минатото бил еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Овој остров е богат со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Најпопуларни туристички места на островот се гратчињата Пефки, Лимни и Едипсос.

ЕДИПСОС

Едипсос е едно од најстарите и најмодерни летувалишта во Грција. Целосното име на местото е Лутра Едипсос и се спомнува уште од времето на Аристотел. Се наоѓа на северозападот на островот на Егејското море и има околу 6000 жители. Местото е познато по термалните извори со температури од 34 до дури 70 степени. Со оглед на тоа дека е банско место, ноќниот живот не е едноличен. Преполн е со кафулиња, барови, ресторани, а и младите се почесто го посетуваат поради пристапните цени. Едипсос е место кое живее во текот на целата година, а од пристаништето е оддалечено се на се 20 километри.

ХОТЕЛ ЕФСТРАТИОС – Едипсос

Хотелот Ефстратиос е идеален за мирен одмор. Се наоѓа во близина на песочна плажа со кристално чиста вода, игралишта, музеи, спортови на вода. На 20 метри оддалеченост има продавници и таверни, а пристаништето е оддалечено на 150 метри. Хотелот располага со 27 сместувачки капацитети кои имаат тоалет со кади или туш кабини, фен, фрижидер, телефон, ТВ, клима и тераса. Рецепцијата работи 24 часа, има бар, кафетерија, лифт, интернет, сеф на рецепција (без доплата) собна услуга и услуга за будење. Плажата е оддалечена на 50 метри. Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби.

ХОТЕЛ ГАЛИНИ 2* – Едипсос

Објектот Галини 2* е сместен на неколку метри од морето во областа Агиос Николаос во местото Едипсос. Објектот има снек бар и соби со поглед на морето, планината или градината. Во целиот објект има достапен бежичен интернет. Сите соби во објектот Галини имаат едноставен и убаво уреден ентериер. Опремени се со ТВ, клима (вклучена во цената), мини фрижидер. Исто така имаат тоалет со туш и сопствена тераса. Во барот се служи кафе, пијалоци и лесни ужинки, а постои и можност за уплата на полупансион или поединечни оброци. Пристаништето и почетокот на главната улица се наоѓаат на околу 800 метри, а центарот на градот Лутра се наоѓа на 1 километар. Оваа локација особено е добро прифатена од страна на паровите кои дале оценка од 8,9. Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби.

ХОТЕЛ АИДИПСОС 2*

Хотелот Аидипсос 2* се наоѓа на 150метри од плажата во градот Едипсос. Во склоп на понудата има тераса за сончање со двор. Бесплатен интернет е достапен во сите простории, како и клима уред. Собите нудат прекрасен поглед на на градот или морето, како и ТВ, фрижидер и тоалет со туш. Постои можност за уплата на полупансион или поединечни оброци во хотелскиот ресторан. Сите кафулиња, барови и ресторани се оддалечени на само 150метри од хотелот, а од центарот на градот на 500 метри.

ПРОМО ЦЕНИ продолжен попуст
Телефон: 070/338-870

Во продолжение табела со цени и термини:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 9 ноќевања во еден од избраните хотели во местото Едипсос, остров Евиа
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Туристички придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за траект 10 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
  • Задолжителна доплата за туристичка такса од 0,50 центи по лице од ден

ВАЖНО:

  • Согласно моменталниот став на Република Грција за патување за време на летото, агенцијата Го Травел ве информира за можност за PCR тестирање по повластена цена за сите патници (инфо во агенција)
  • Оние кои ќе бидат вакцинирани со одобрена вакцина од Република Грција треба да ни достават потврда дека ја имаат и немаат трошоци за тест.
  • Оние кои имаат доказ за антитела исто така треба да ги приложат и немаат дополнителни трошоци за тест (информација подлежна на промена)

НАПОМЕНИ:
Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во еден од избраните хотели, автобуски превоз
Задолжителна доплата за траект во двата правци 10 евра по лице – се плаќа во автобус
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по лице на ден.
• Можност за доплата за појадок, информација која дополнително ќе ја објавиме во зависност од моменталната ситуација со пандемијата
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години кога е придружувано од двајца возрасни на трет кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот. Кога е едно дете со еден возрасен се плаќа полната сума на аранжманот

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Следува ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во утринските часови на пристаништето Глифа. Возење со траект околу 50 минути. Возење до Едипсос и сместување во хотелите. За време на вашиот престој ќе има секојдневни организирани програми: дневни и ноќи забави во дискотеки на отворено и ноќни клубови. Можност за посета и на Атина и бројните острови Скијатос, Скопелос, Вулканските острови и многубројните плажи на островот.

Последниот ден, напуштање на собите во договорено време и поаѓање кон Македонија.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.

Тимот на GO Travel ви посакува убав одмор!