ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Ракомет – Виена

232

Виена, царски град и една од најстарите метрополи во Европа, беше главен град на Австриското Царство и Австроунгарската монархија, кога и го достигнува својот зенит кон крајот на 19.век…омилена дестинација на милиони туристи од целиот свет, најповеќе благодарејќи на многубројните културно-историски споменици, палати и разновидната културна понуда. Виена е и музичка светска престолнина, во која живееле и твореле најпознатите композитори : Хајдн, Моцарт, Бетовен…меѓу многубројните атракции посебно место завземаат
Виенската Опера, дворецот Шенбрун, Хофбург, катедралата Св.Стефан, забавниот парк Пратер. Виена неколку години наназад е гласана за град со најдобар квалитет на живеење.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

  • 22 880 денари по лице (369 €)
  • 21 640 денари по лице (349 €)
  • за целосна уплата до 01.12.2019 !!!
    УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ :
    Исклучиво во денарска противвредност

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • 4 НП во хотел/хостел во Виена
  • поаѓање од Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово
  • блок билети за сите натпревари од група Б (дати:10.01, 12.01, 14.01)
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

  • Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици,
  • разглед на Виена со локален водич 10 евра по лице (1.10.2020)
  • Посета на Братислава и разгледна градот со локален водич 20 евра по лице (13.10.2020) , на враќање посета на
    шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“
  • патничкото осигурување (околу 200 ден. – по лице).
  • билети за локален превоз (2,5 евра во правец
  • Опис на хостелот Wombat’s и начинот на сместувањето
    ( https://www.wombats-hostels.com/vienna/the-naschmarkt )
  • Како што подразбира името, градскиот хостел Вомбат Виена Нашмарк се наоѓа веднаш до најпопуларниот пазар во
    Виена, Нашмарк. Само излезете од влезната врата за да ги разгледате тезгите со храна и пазарот!
    Метро станицата Kettenbrückengasse (U4) се наоѓа на само неколку минути оддалеченост. Од Виена Насмарк
    Вомбат, уживате во еден од најдобрите погледи на прекрасните антички градби околу оваа област.
  • Сместувањето е во 1/4 или 1/6 креветни соби (со приватно wc и туш кабина) со кревети на кат, секој кревет има
    приватен гардероб со заклучување.
  • сместување 14:00 часот,
  • oдјавување 10:00 часот
  • доручек( 07:00 – 10:30) вклучено во цена
  • туристичка такса – вклучено во цена
  • Wi Fi – вклучено во цена
  • кујна на користење ( бесплатно)
  • 24 часа рецепција

1 ДЕН (09.01.20 – четврток) : Битола-Скопје- Виена
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 15:30 ч. Поаѓање кон Скопје 16:00 часот.Поаѓање
од Скопје ( пред хотел Континентал 18:45 ч.) за Австрија во 19:00 часот…патот води преку Србија, Унгарија.
Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности .
2 ДЕН (10.01.20 – петок) : Виена
Пристигнување во Виена во претпладневните часови… сместување во хотел/хостел околу 14:00 Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договорено време поаѓање со локален превоз кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle и следење на натпреварите Р. Чешка – Австрија 18:15 ч. Македонија – Украина 20:30 ч. Ноќевање.
3 ДЕН (11.01.20 – сабота) Виена
Појадок. По појадокот (факултативно, времетраење околу 4 часа) панорански разглед на Виена со локален водич,…Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив,Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк… дворецот Хофбург, одкаде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)… или време за индивидуален разглед на градот.Слободно време.
Ноќевање
4 ДЕН (12.01.20 – недела) Виена
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности (предлог актвности подолу во програмата). Во договорено време во поаѓање со локален превоз кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle и следење на натпреварите Чешка – Македонија 16:00 ч. , и Австрија – Украина 18:15 ч. По натпреварите слободно време. Ноќевање.
5 ДЕН (13.01.20 – понеделник) : Братислава-шопинг центар Парндорф
Појадок. По појадокот поаѓање за Братислава, Р. Словачка(80 км во правец) панорамски разглед со локален водич низ Стариот град Националниот театар, палатата Примата, Старата градска општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската палата, Катедралата Св.Мартин, Сината Црква, Црквата Св.Тројца… Слободно време за
ручек/кафе. (предлог места за посета подолу во програмата). На враќање кон Виена посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“, слободно време за шопинг … Во договорено време враќање за Виена. Ноќевање
6 ДЕН (14.01.20 – вторник) Виена-Битола/Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на собите, слободно време за индивидуални активности. Во договорено
поаѓање кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle, следење на натпреварите Австрија-Македонија 18:15
ч. Украина – Чешка 20:30 ч. Во договорено време (околу 22:30 ч) поаѓање за Македонија.
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.

Главниот град на Австрија е културна и историска Мека на Европа која има многу палати, музеи и други
архитектонски занимливости. На листата на најпосетени места во градот кои мора да ги посети секој светски патник се токму следните локации.

1. Панорамското тркало Виенер Рајсенрад, Пратер
Ако сакате да ја видите целата Виена одеднаш, качете се на панорамското тркало во состав на забавниот парк
Пратер. Станува збор за 65 метри висока градба изградена во 1897 година, која ви обезбедува возење во траење од
20 минути, но и можност за да направите фантастични фотографии. Цената за влез во Рајсенрад изнесува 9.50 евра.
2. Шенбрун, Шенбрунер Шлоштрасе
Барокната палата под заштита на УНЕСКО е една од најголемите туристички атракции во Виена. Станува збор за
некогашна летна резиденција на Хабсбурговците во која Франц Јосиф се оженил за кралицата Сиси.
Спектакуларниот Шенбрун брои околу 1.400 простории, а внимание привлекуваат и неговите величествени градини
поради кои често го нарекуваат и Мини Версај. Цената за влезница со водич изнесува околу 18.90 евра.
3. Виенската зоолошка градина, Шенбрун
ајстарата зоолошка градина во светот е отворена во дамнешната 1792 година како дел од Шенбрун и претставува
единствен спој на култура и природа во која е можно да се разгледаат 700 животински видови. Ова е најблиската
зоолошка градина во „соседството“ ако во живо сакате да видите големи панди или загрозени сибирски тигри. За
деца до возраст од шест години влезницата е бесплатна, постарите деца плаќаат дневна карта од 8 евра, а
возрасните 16.50 евра.
4. Хофбург, Хелденплац
Во центарот на Виена доминира палатата Хофбург, која до 1918 година се сметала за седиште на Хабсбуршката
монархија. Низ времето, овој простор се доградувал и надградувал, па во царскиот комплекс денес се наоѓа и
Музејот за природни науки, делови од Музејот за историја на уметноста, Етнолошкиот музеј, Музејот на кралицата
Елизабета, австриската национална библиотека и многу други културни задоволства. Посетата чини 12.50 евра.

5. Шпанската школа за јавање, Мишелерплац 1
Претставата на Шпанската школа за јавање е ултна виенска институција која опфаќа своевиден „танц“ на коњи
липицанер во Кралските штали проследен со класична музика. Картите за оваа аудио-визуелно задоволство морате
однапред да ги резервирате (цената е 109 евра по личност), но дел од спектаклот може да се види за време на
утринскиот тренинг, од вторник до сабота измеѓу 10 и 12 часот, по цена од 35 евра за возрасни.
6. Виенската државна опера, Опернринг 2
Ова е најпознатата автриска оперска куќа, но и една од најважните во цела Европа. Во текот на целата година во ова
седиште на барокната опера и современиот музички театар, настапуваат Виенската симфонија, Радискиот
симфониски оркестар на Австриската радиотелевизија, Хорот Арнолд Шоенберг и многу славни гости. Во зависност
од претставата, билетите чинат од 15 до 230 евра по личност.
7. Хотелот Сахер, Филхармоникер Ул. 4
аква би била посетата на Виена без уживање во славната Сахер торта? Сахер тортата од бисквити, чоколади и
мармалад од кајсии е дело на виенскиот слаткар Франц Сахер, која може да се проба ширум градот. По изворниот
рецепт се подготвува во Хотелот Сахер, а целата торта може да се купи по цена од 23 евра. Добар апетит!

НАПОМЕНА :
Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на
девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на
разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на
ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето
во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на
аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето
не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување
околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го
задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.