Фиренца – Сиена – Тоскана за Валентин

537

Денот на вљубените во Тоскана – авио програма

Промо цена: 259 евра за уплати до 22.01.2022, редовна цена :289 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
  • Организиран трансфер со автобус од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • Сместување во во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Багаж за чекирање 1 куфер до 10/20/26kg за цена во консултација со агенцијата
  • Факултативна: Посета на  градот Сиена и пределот Тоскана 50 евра по лице
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)-4 евра од лице на ден
  • Доплата за еднокреветна соба 6.200 денари
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

Термин:10.02 – 13.02.2022

10 февруари (петок)СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ФИРЕНЦА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:00 часот. Полетување за Болоња во 17:55часот  и пристигнување во 19:45 часот. Трансфер до Фиренца (околу 1 час и 30 минути) и сместување во хотелот. Ноќевање.

11 февруари (сабота) ФИРЕНЦА

Појадок. Разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити… Слободно време за индивидуални активности. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.

12 февруари (недела)  ФИРЕНЦА – СИЕНА

Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација. Превоз низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

13 февруари (понеделеник) ФИРЕНЦА – БОЛОЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Превоз до Аеродромот во Болоња, во поладневните часови.Полетување во 20:20 часот и пристигнување во Скопје во 22:00 часот.

Општи напомени:

•  Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;

•  Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

• Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

•  За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;

• За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

• Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

• Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

• Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

• Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;

• Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на Го Травел.