Голубац – Сребрено Езеро-Тумане

3001

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2650 денари

Во цената е вклучено:

– 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Голубац
– Посета на Сребрено Езеро
– Посета на Голубачка Тврдина (картата за влез не е вклучена)
– Посета на Манастирот Тумане
– Автобуски превоз
– Водич
– Организација и реализација на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса (1 евро по лице од ден)
– Карта за влез во Голубачка Тврдина
– Патничко осигурување

ДЕН 1 – 17.04.2021 (САБОТА)

Состанок на групата во 06:30, поаѓање во 07:00 часот од Дрводекор. Патуваме преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Најпрво се упатуваме во посета на Сребрено Езеро.

Сребрено Езеро е езеро на десниот брег на реката Дунав и претставува нејзино некогашно речно корито, кое денес е затворено со две брани. Се наоѓа на подрачјето на Браничевскиот округ во источна Србија, на два км од Велико Градиште. Оддалечено е 110 км од Београд и само 35 км од прекрасниот град Пожаревац. Името го добило поради тоа што во попладневните часови кога е сончево време се јавува интересна сребреникава рефлексија на водната површина. Самото езеро е во широката долина на Дунав, опкружено со ридови од северната, јужната и западната страна. Устијето на реката Пек во Дунав, познато по својот обратен тек за време на висок водостој, се наоѓа јужно од езерото. Сребрено езеро има неправилен лачен облик и зазема површина од 4 км кв. Просечната ширина на езерото изнесува 300 м, додека просечната должина изнесува 14 км. Се наоѓа на надморска височина од 70 м и длабоко е 8 м. Поради чистата околна средина водата е бистра, а дното е покриено со многубројни песочни дини. Езерото е богато со слатководни риби како што се: амур, шаран, сом, штука и останати. Сребрено Езеро е популарна туристичка дестинација за одмор и риболов, но во последно време, освен локални привлекува туристи и од поширокиот простор на Србија, а често доаѓаат и странски туристи. Во неговата околина се наоѓаат познатиот хотел „Сребрено Езеро„, неколку викенд населби со модерни објекти како и најголемиот авто-камп во Србија.

По посетата на Сребрено Езеро се уплатуваме кон Голубачка Тврдина.

Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац, Србија. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335, 1337 и 1342 година. Точно не е познато кога била изградена, но се смета дека била изграена во времето на Српското царство. Кулите во времето на Османлиите биле сместени нивните топови каде го заштитувале градот, а во почетокот на 15 век, тие изградиле уште една кула. Тврдината е разделена на предна, задна и горна. Слободно индивидуално време.

По разгледот на Голубачка тврдина, се упатуваме кон хотелот. Се сместуваме. Слободно индивидуално време за прошетка низ Голубац. Ноќевање.

ДЕН 2 (18.04.2021) – НЕДЕЛА

По појадокот се одјавуваме од хотелот и се уплатуваме кон Манастирот Тумане. Тумане е идеална дестинација за воздигнување како во духовна така и во култуно – историска смисла. Манастирот Тумане се наоѓа на 120км од Белград и 9км од Голубац. Голубац е местото каде насмевката на Дунав е најширока, токму пред влезот во  теснецот кој меѓу напукнатите карпи ја изрежал најголемата клисура во Европа, а Кошава ги разбива брановите на Дунав по ѕидините на величенствената тврдина. Како изгледале црквата и комплексот манастири Тумане не е возможно да се утврди со оглед дека во средниот век и турското ропство манастирот ги носи бремето и страдањата на својот народ. Манастирот бил ограбен, срушен, запален но како и народот секогаш бил обновуван. Сегашната црква е подигната и осветена во 1924 година.

Слободно индивидуално време за поклонување на моштите и посета на испосницата на Св. Зосим.

Во 13:00 часот поаѓање кон Македонија.

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници
– Доколку нема доволен број на патници, организаторот има право да го откаже патувањето 1 ден пред поаѓање
– Се патува без PCR тест
– Се патува со лична карта или пасош
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Го Травел