Грција влезе во листата на 20-те најбезбедни земји за патување во светот, според официјално истражување направено пред почетокот на летната сезона за 2019-та година.
Прогнозата за оваа година за Грција е добра бидејќи самите патувачи ја прогласиле за безбедно и прекрасно место за идеален годишен одмор со фантастична клима, вели истражувањето.
Според истражувањето, патувачите од Азија најмногу внимаваат на овие можности од било кои други патувачи од другите земји и затоа секогаш при изборот на дестинацијата бараат безбедна држава.
Доколку сеуште не сте одлучиле каде да летувате, можеби ова истражување ќе ви помогне при одлуката за летување.