Добредојдовте во новиот дом на минералната вода… “Hot Springs Medical & Spa“ е нов четириѕвезден хотел што се наоѓа на 5 километри од Банско во селото Бања, надалеку познато по минералните термални извори. Удобен, топол и уникатен планински хотел, елегантно проектиран и опремен со природни материјали- дрво и камен кои внесуваат конфор и декоративен акцент во сите соби и апартмани кои имаат поглед кон три планини или кон прекрасната борова шума…
Hot Springs Medical & Spa” е Спа хотел на годината: има отворен и затворен базен со хидромасажни млазеви со чиста минерална вода со температура од 36° C проектирани со детски оддел, а во Spa & Wellness центарот има парна бања, солариум-Био сауна со 60 °C , фински сауни со 80 ° C и 90° C, турски хамам, солена соба, иглу и ледена фонтана. Составен дел на Spa & Wellness центарот е посебен ресторан за брза храна, каде гостите можат да влезат директно од базенот, сосема релаксирано да ручаат и да се вратат и повторно уживаат во благoдетите на топлата минерална вода.
Сите соби во хотелот се климатизирани, опремени со TV со рамен екран и сателитски канали, сопствено купатило со туш или када со минерална вода, бањарки, влечки, крпи за базен… Хотелот има голем лоби бар, а доколку сакате да одмарате без придружба на Вашите деца, за нив ќе се грижи и ќе ги забавува обучен тим во Мини парти клубот. “Hot Springs Medical & Spa” има медицински персонал коj, користејќи ги лековитите својства на минералната вода може да Ви предложи програми за физиотерапија, рехабилитација, детокс програми, програми за слабеење и анти-стрес процедури.