Хотел Аура 4* – Охрид Лето 2021

115

ХОТЕЛ на барање – не е во закуп и не може да се користат ваучерите издадени од Го Травел

Хотел „Аура“ за незаборавно опуштање покрај Охридското Езеро

Сместен на самиот брег на Охридското езеро, во непосредна близина на Охрид, со впечатлива глетка на езерската шир која плени, поранешниот хотел „Бетон“, кој сега се ребрендира во хотел „Аура“ нуди можнот за креирање незаборавни спомени.

Во непосредна близина на градот, а сепак притаен меѓу Галичица и Охридското езеро, како да ги спојува планината и крајбрежјето, опкружен со сопствен парк од прекрасно зеленило и дрвја, чии сенки нудат мир и спокојство.

Хотелот „Аура“ го нуди едно од најнезаборавните опуштања со утринско кафе или со романтична вечера, а доживувањата остануваат врежани таму каде се чуваат само најубавите моменти кои се прераскажуваат  како дел од животните приказни.

Со своите 74 високо-модерно опремени соби и апартмани, со врвната услуга и специјалитети, со сопствената плажа со бар, летна тераса со магичен поглед , „Аура“ не остава ниеден гостин да си замине рамнодушен, крунисувајќи ја целата приказна со прекрасни сеќавања кои будат постојана желба за уште едно несекојдневно искуство покрај Охридското Езеро.

Линк од хотелот ТУКА

ЦЕНОВНИК

  • За деца до 5 години e бесплатно; за деца од 5 до 12 години се наплаќа 50 %
  • Трето лице во соба (дополнителен лежај) -30% попуст од цената за ноќевање со појадок
  • Еднокреветна Соба + 30%
  • Дополнителен оброк за возрасни: 490 ден
  • Аранжманот е индивидуален и важи со сопствен превоз
  • Важат општите услови на Т.А Го Травел