Hotel Casa Karina 4*

130

Хотелскиот комплекс „Casa Karina“ се наоѓа во подножјето на прекрасната планина Пирин, на само 100 m од главната станица на гондола-лифтот во Банско. Во сите сезони од годината, „Каса Карина“ на своите гости им обезбедува мир и удобност, професионална услуга, вкусна храна и широк спектар на дополнителни услуги.

Хотелот Casa Karina има на располагање: 24-часовна рецепција; Лоби бар – простран, модерен и стилски опремен; Луксузен ресторан – нуди разновидна кујна и одбрани пијалоци; СПА центар – достапен за сите гости со голем загреан внатрешен базен со француски прозорци, кој открива неверојатен поглед кон планината Пирин и прекрасниот внатрешен двор на хотелот; сауна; парна бања; амам; фитнес; солариум и широк спектар на масажи; Две конференциски сали – погодни за семинари, обуки, корпоративни настани, коктели, приватни забави. Салите се со капацитет од 150 седишта и се опремени со мултимедија, квалитетен звук и интернет; Детско катче – пространо и пријатно, на најмладите гости им нуди многу можности за игри, забава и нови пријателства; Уреден двор – во текот на летните месеци обезбедува одлични услови за дневно сончање и свежина за време на топлите вечери; Ски гардероба; Билјард; Електронски игри; Петанка; Подземен паркинг; Брз безжичен интернет низ целиот комплекс;

За погодност на нашите клиенти, Хотел Каса Карина нуди можност за купување ски карти од Рецепција. Спорт / забава: скијање и сноуборд; Петанка; планинарење со планински водич; изнајмување велосипеди и ATV; риболов; јавање; излети; екскурзии;

За понуда по Ваша желба побарајте не и ќе ви подготвиме аранжман