Хотел Гранд Голд 4* (Лето Кумбургаз 2021)

2764

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

Поради неверојатната близина, Кумбургаз е омилена викенд дестинација на жителите на Истанбул, кои тука го наоѓаат својот мир од огромниот сообраќаен метеж во градот. Тоа е доволна причина која не примами да ви го доближиме ова место токму вам. Секако нема да Ве оставиме без да уживате во градот на султаните и два континента, па затоа ќе одиме и во Истанбул.

За вас го имаме фантастичниот ГРАНД ГОЛД Хотел 4*  http://grandgoldotel.com.tr/

ХОТЕЛОТ Е ВО ЗАКУП НА Т.А. ГО ТРАВЕЛ И ВАЖАТ ВАУЧЕРИТЕ ИЗДАДЕНИ ОД АГЕНЦИЈАТА

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТЕРМИНИТЕ И ЦЕНИТЕ:

7 ноќи + појадок + превоз Хотел Гранд Голд 4*
Термин Тип соба Редовна по лице Попуст до 15.04
 

12.06-19.06

1/2

1/3

139€ 118€   115
 

19.06-26.06

1/2

1/3

159€ 135€   125€
 

26.06-03.07

1/2

1/3

169€ 143€   135€
 

03.07-10.07

1/2

1/3

169€ 143€
 

10.07-17.07

1/2

1/3

179€ 152€
 

17.07-24.07

1/2

1/3

179€ 152€
 

24.07-31.07

1/2

1/3

179€ 152€
 

31.07-07.08

1/2

1/3

199€ 169€
 

07.08-14.08

1/2

1/3

199€ 169€
 

14.08-21.08

1/2

1/3

199€ 169€
 

21.08-28.08

1/2

1/3

189€ 160€
 

28.08-04.09

1/2

1/3

179€ 152€
 

04.09-11.09

1/2

1/3

159€ 135€
 

11.09-18.09

1/2

1/3

139€ 118€

НАПОМЕНИ:
Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања со појадок и автобуски превоз
•Доплата за вечера 8 евра по лице од ноќ (се плаќа во хотелот по желба)
• Поаѓањето за турите е еден ден пред реализацијата на аранжманот во вечерните часови од Скопје (Дрводекор)
ТРАНСФЕРИ: Битола, Прилеп, Дреново, Росоман, Велес – доплата 10евра по лице
• Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби
Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз, а на редовните се одземаат 20евра за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10евра (освен првите две).
•Во секое време на лице место ќе има претставник од нашата агенција кој ќе се погрижи за вашиот престој да е што попријатен и позабавен
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА (услови поставени од самиот хотел):

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 8 години на класичен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, доколку е придружувано од двајца возрасни
  • Едно дете со еден возрасен плаќа целосна сума

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по турско време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во делот предвиден за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од собите на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Хотелот има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

ОПИС НА ХОТЕЛ:

Хотелот Гранд Голд 4* се наоѓа во централниот дел на Кумбургаз. Располага со голем базен кој е исполнет со солена вода, сопствена песочна плажа со бесплатни лежалки, а исто така и бар во делот кај базенот каде гостите можат да се освежат со кафе, коктел или некоја закуска. Исто така, за сите гости во пределот на плажата и базенот, хотелот секојдневно обезбедува пешкири за користење. Она што ги привлекува гостите да се чувствуваат убаво е пријатниот амбиент, љубезниот персонал и турската гостопримливост.

Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби, а распоредот на собите го прави хотелот пред пристигнувањето на гостите. Во целиот објект има бесплатно ви-фи, а во секоја соба има клима уред и пешкири.

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН: Собир на групата на Дрводекор (Скопје) на одредениот датум во вечерните часови и поаѓање према Кумбургаз. Патот не води преку Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир (дозволен транзит низ Бугарија). Попатни паузи за царински формалности и одмор.

ВТОР ДЕН: Пристигнување во утринските часови во Кумбургаз. Групата има време да се освежи на рецепцијата или во делот кај базенот додека да дојде времето за сместување во собите (14ч по турско време). Сместување и одморот може да започне.

ТРЕТ до ОСМИ ден: Покрај одмор и уживање во овие денови, еден од нив ќе биде резервиран за прошетка и посета на величествениот град Истанбул, а секако ќе има и денски и ноќни активности за кои ќе се погрижи нашиот претставник од агенцијата кој постојано ќе биде таму.

ИСТАНБУЛ (целодневна екскурзија со пакет 60евра по лице)

По појадокот групата се упатува на факултативна посета на градот Истанбул, каде што следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Следуваат три прекрасни места во Азија, џамијата на претседателот Ердоган, потоа местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место, да прошетате и да се напиете кафе.

По завршувањето на овие посети, предвидено посета на трговски центар за шопинг.

Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

ДЕВЕТТИ ДЕН: Одјавување од собите во утринските часови. Куферите се оставаат на рецепцијата и слободно време на базенот и плажата додека да дојде време за поаѓање кон Македонија. Поаѓање во договорено време и планирано пристигнување во доцните вечерни или раните утрински часови.

Тимот на ГО ТРАВЕЛ ви посакува пријатен одмор!

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 5 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел