ХОТЕЛ САМОКОВ се наоѓа во самиот центар на Боровец, на 1.300 м надморска височина. Овој прекрасен единаесеткатен хотел изграден во алпски стил, опкружен со вековна борова шума, нуди пријатна атмосфера и првокласна услуга во текот на цела година. Пространите соби и апартмани, одлично опремените конгресни сали и големата понуда на дополнителни услуги: затворен базен, сауна, солариум, парна бања, фитнес сала и друго, привлекуваат гости од цел свет. Во сите соби гостите можат да го користат бесплатниот бежичен интернет. Хотелот е појдовен пункт за блиски и далечни маршути на величествената Рила планина. На распoлагање Ви е и ски школо со професионални инструктори и модерна ски опрема.