Иос – Лето за млади 2026

1212

Ios е еден од најатрактивните грчки острови за одмор, познат по прекрасните песочни плажи, кристално чистото море, забавата и фантастичните sunset барови со поглед што остава без здив. Островот совршено ја спојува дневната релаксација на златни песочни плажи како Mylopotas Beach и Manganari Beach со енергичен ноќен живот што трае до раните утрински часови.

Дневната атмосфера е дополнително збогатена со уникатни beach & sunset локации како Pathos, каде луксузниот амбиент, музиката и спектакуларниот поглед создаваат совршена летна енергија, како и FarOut Beach Club – симбол на забавата на островот, познат по своите дневни и вечерни журки покрај плажа.

Главниот град Chora (Ios) е вистинска разгледница на Кикладите, со мали бели куќички, сини прозорци, тесни калдрмени улички и шармантни скали што водат до бројни барови, ресторани и клубови. Навечер, Хора се претвора во живо срце на островот, каде атмосферата, музиката и забавата му даваат на Иос препознатлив младешки дух.

1 ДЕН-СКОПЈЕ-АТИНА

Состанок на групата околу 14:00 часот во Скопје, тргнување околу 14:30 часот (Поаѓањето може да подлежи на промени) пред С.Ц Борис Трајковски. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
(ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТОЧНО ПОАЃАЊЕ СЕ ДОБИВА 1-2 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕТО)

2-7,8-ДЕН ИОС

Во раните утрински часови пристигнување на пристаништето во Атина, по што следува трансфер со траект до легендарниот Иос. Пристигнување на островот во пладневните часови и краток трансфер до сместувањето. Според правилата, влегувањето во собите е по 14:00 часот.
Подгответе се за незаборавно party искуство на еден од најпознатите острови за забава во Грција! Преку ден ќе се релаксираме и журкаме на светски познатите плажи како Mylopotas Beach, со музика, коктели и одлична атмосфера. Навечер, забавата се сели во срцето на островот – Ios Chora, каде не очекуваат бројни барови, клубови и незаборавни журки до раните утрински часови. Островот нуди врвна комбинација од дневна релаксација и ноќен луд провод.
Иос е место каде забавата никогаш не запира – подгответе се за денови исполнети со плажа, сонце, музика и ноќи кои ќе ги паметите долго!

8,9-ДЕН ИОС-АТИНА-СКОПЈЕ

Во утринските часови следува напуштање на сместувањата (во период помеѓу 07:00 и 08:00 часот). Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, каде продолжуваме со патувањето од Атина со попатни паузи за одмор и регулирање на царински формалности… Предвидено пристигнување во Скопје е после полноќ.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА – ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ

-Сместување на база 7 или 8 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Иос/Хора

(сите термини се по 7 ноќевања, освен терминот од 09.07. кој е со 8 ноќевања)

-Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Рафина,Пиреа – Скопје

-Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

ЗАДОЛЖИТЕЛНА туристичка такса за Грција – 7 еур. / лице – (за цел престој, се плаќа во агенција.)

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 9 еур. (се плаќа во агенција)

– ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Рафина/Пиреа – Иос(Хора) – Рафина/Пиреа – 120 еур. / лице / повратна карта (се плаќа во автобус)

(тракетот е комбинација од бавен и брз, возењето со брз трае околу 4.5 часа, со бавен околу 7.5 часа)

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци.

СМЕСТУВАЊЕ:

Нефели – e пријатно сместување за одмор на прекрасниот грчки остров Иос. Со пријатна атмосфера и локација, ова сместување е идеален избор за гости кои сакаат да уживаат во летен одмор, релаксација и лесен пристап до убавините на островот. Нефели е добар избор за сите што сакаат едноставно, пријатно и мирно сместување. Собите се со сопствено купатило, балкон (освен две двокреветни соби се без балкон) и фрижидер. Собите немаат кујна. Дел од собите имаат поглед кон улицата, дел кон базенот и дел кон морето. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 соби.

Спирос Студиос нуди пријатен престој во опуштена атмосфера, идеален за летен одмор. Одличен избор за гости кои бараат удобно сместување. Собите се со сопствено купатило, балкон и фрижидер. Само дел од собите располагаат со мини кујна. Дел од собите имаат поглед кон улицата а дел кон морето. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 соби. Патниците од Спирос може да го користат базенот во Нефели.

Напомена:

–  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници.

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 07:00 до 08:00 часот

– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж

– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби

– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

– Организаторот не може да влијае на сместувањето во вилите. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Балкан Фан ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите.

– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола.

– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Го Травел

Translate »