Истанбул за 23октомври – 3 ноќи

6536

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 евра со уплата до 18.10, редовна цена 109 евра, тргнување од Битола 109евра, редовна цена 119евра

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* на база3 НП во Аксарај/Лалели
  • Посета на трговски центар Форум Истанбул
  • Фабрика за слатки Коска
  • Туристички пратител на програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • задолжително патничко осигурување – 240денари
  • факултативните излети:
  • Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20 евра
  • Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра
  • Јеребатан со лиценциран водич – 15
  • Крстарење по Босфорот – 20 евра
  • Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 25 евра
  • Панорамски разглед на Азиски Истанбул – 15 евра
  • Туркуазу Аквариум – 15 евра
  • Гар – традиционален ресторан со танци и вечера – 25 евра
  • Доплата за еднокреветна соба 45 евра

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на излетите и посетите по денови и сатници.

ПАКЕТ НА ФАКУЛТАТИВИ

SILVER ПАКЕТ – 75евра (редовна цена 85евра)

  • Панорамски разглед
  • Крстарење по Босфорот
  • Долмабахче Палата
  • Ноќен Истанбул – Сафир Сехир Тераси – Таксим

GOLDEN ПАКЕТ –  135евра (редовна цена 155 евра) 

  • Аја Софија
  • Топкапи
  • Јеребатан
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
  • Крстарење по Босфорот
  • Долмабахче палатата
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси
  • Туркуазу аквариум

ПРОГРАМА:
Прв ден 23.10.2019 (среда) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата во 15:30 на дрводекор. Тргнување за Истанбул во 16:00ч

Втор ден 24.10.2019 (четврток) – ИСТАНБУЛ
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата што има уплатено за Аја Софија, Топ Капи и Јеребатан се чекаме на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатуваме кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Аја Софија

Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

Јеребатан

Цистерните изградени за потребите на населението во Истанбул, кој со векови беше главен град на Византија и Османлиското царство, денес се незаменлив дел од културното наследство на овој град. Еден вид ризници на културата на Истанбул, градот со долга историја, се цистерните Јеребатан (Базилика), Нуруосманије, Бинбирдирек и Серефије.

Поради недостаток на извори на вода, изградени се голем број цистерни, со цел во текот на летниот период да бидат достапни доволни количини вода. Овие градби, кои потекнуваат од периодот на Римското и Византиското царство, биле од отворен и затворен тип. Изградена е по побуната Ника во 532 година од страна на царот Јустинијан I, а ја граделе 7.000 работници. Бидејќи е изградена на место на базилика, која е уништена во пожар во 475 година, го носи и називот цистерна Базилика.

Враќање во хотел.

Можност за посета на ресторанот Гар каде ќе имате можност за традиционална турска вечер со турска вечера со ориентални танци.

Ноќевање.

Трет ден 25.10.2019 (петок)

Појадок. Следува прекрасното крстарење по Босфорот.

Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

По Долмабахче следи Панорамамскиот разглед на Европски и Азиски Истанбул

Панорамски разглед на азиски Истанбул

Следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

Враќање во хотел, ноќевање.

Четврт ден 26.10.2019 – сабота

Појадок.  Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Островот каде императорот Јустинијан 1ви  изградил палата и манастир. Предлагаме  ручек во еден од многуте рибни ресторани.

По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул.

НОЌЕН ИСТАНБУЛ СО САФИР ТЕРАСИ И ТАКСИМ

Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Турција (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Оттаму се упатуваме на Таксим каде имаме слободно време на еден од најпознатите плоштади на светот.

Враќање во хотел, ноќевање.

Петти ден 27.10.2019 (недела) ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон фабриката за производство на најпознатите турски слатки „Коска“, каде по фабрички цени можете да си купите оргинални турски баклави, локуми и секакви останати деликатеси. Потоа групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Шести ден 28.10.2019 (понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

  • За оваа програма важат општите услови на патување.
  • За реализација на ова патување се потребни 40 лица, во спротивно може да се промени цената или да се откаже турата 5 дена пред поаѓање.

НАПОМЕНИ:

  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
    Можност за резервација на седиште доплата 5 евра по лице
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.