Јастребац за Велигден

1083

Јастребац за Велигден

На околу 300 километри од Скопје и само 20 километри од градот Крушевац, се наоѓа прочуената планина, колевката на јастребите, во можеби најпошумениот дел на Балканот, планината Јастребац.
Околу прекрасното бајковито езеро се простира туристичкиот комплекс Јастребац Lake Resort, познат по исклучителната национална, но и интернационална кујна, домашни вина и нуди можност за секакви активности, планинарење, пешачки тури засите љубители на природата.

Во склоп на резортот на располагање се два хотела, Трајал и Идила, како и спектакуларниот Авантура парк.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОМО ЦЕНА 69‎€ , редовна 89€ – местата се ограничени!
Трансфер Струмица Штип, Битола, Прилеп, Велес – 10 евра по лице
ТЕРМИН: 01.05-03.05

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања во хотел Трајал или Идила со појадок (a la carte) (хотелот се распределува во зависност од расположливост на соби)
  • Автобуски превоз на релација Скопје-Јастребац-Скопје
  • посета на градот Ниш
  • туристички пратител за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • задолжителна доплата за туристичка такса 1евро по лице на ден
  • задолжително патничко осигурување 150 денари по лице
  • посета на местото Стопања познато по рестораните со печење за ручек, потоа градот Крушевац со трговските центри Krusevac Shoping Park, Roda и ЛИДЛ – 10евра
  • посета на Врњачка бања и манастирот Жича – 15евра

ИНФОРМАЦИИ:

  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • За влез во Србија не е потребен PCR тест, и се патува со пасош или лична карта.
  • Во случај да дојде до непланирани промени и неможност за реализација на патувањето, агенцијата во целост ги враќа уплатените средства.
  • За сингл соба се доплатуваат 35 евра дополнително од аранжманот
  • Собите се двокреветни и трокреветни
  • Секоја соба има телевизор со кабловска, вифи, минибар

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 35 евра

ПРОГРАМА:

Прв ден – сабота (01.05)
Собир на групата на Дрводекор во раните утрински часови (околу 5 наутро). Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи и царински формалности.

Планирано пристигнување во Јастребац во пладневните часови, сместување во дадениот хотел и време за кафе пауза или одмор. Во договор со водичот, групата се упатува на факултативниот излет до местото Стопања, кое е едно од најпознатите места во Србија каде што во рестораните се служи познатото српско печење. Време за ручек (не е вклучено во цената). Потоа следува посета на градот Крушевац со лиценциран српски водич, како и панорамски разглед со пешачка тура каде се посетува црквата Лазарица. По разгледот на градот, групата се упатува накај познатите трговски центри Krusevac Shoping Park, Roda и ЛИДЛ. Во договорено време, враќање во хотел и слободни активности. Цената на факултативниот излет е 10 евра по лице.

Втор ден – недела (02.05)
По појадокот, следува можносст за факултативен излет до познатата Врњачка бања со манастирот Жича. Врњачка бања е најголемиот бањски центар во Србија, познат по лековитата вода и природните извори. Сместена е помеѓу планината Гоч и западна Морава на околу 50 километри од Јастребац. По прошетката и слободното време во градот, се упатуваме кон манастирот од 13-ти век, Жича, познат како колевка на српската писменост и просвета, почнувајќи од Свети Сава и првиот српски владетел Стефан Првовенчани, а тука се крунисале сите српски кралеви. Враќање во Јастребац во договорено време со водичот. Цената на излетот со лиценциран српски водич е 15 евра по лице.

Ноќевање.

Трет ден – понеделник (03.05)
По појадокот, слободно време за уживање и прошетка во Јастребац. Одјавување од собите и во договорено време, поаѓање за градот Ниш, каде ќе има слободно време за прошетка, ручек, шопинг (2-3 часа).

Поаѓање за Скопје во предвечерните часови. Планирано пристигнување во вечерните часови.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши и лични карти. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел.