КАДЕ НА ОДМОР? Грција е совршена летна дестинација, а тоа го докажуваат аргументи!

1973

Летната сезона со себе ја носи и добро познатата дилема за тоа каде ќе ги прошетаме нашите костими за капење. Ќе ви откриеме неколку причини за летување во Грција, кои сосема сигурно ќе ви ја решат оваа „мака“.

Фантастични плажи и уредени летувалишта

Тешко е да се замисли летување без излежување на плажа, додека лесно ветре и погледот на кристално чисто море ве релаксираат. Грција според убавината и бројноста на плажите се одделува од останатите земји во Европа. Мнозинството грчки плажи го имаат статусот на сино знаме, дури 486 (втори на светот), кој се доделува како резултат на исполнување на стриктни еколошки стандарди и постоењето на добра инфраструктура.

Како пример ќе го посочиме летувањето на Крф кое би ви овозможило пристап до дури 10 плажи со сино знаме! Бидете сигурни дека на овие плажи нема да најдете отпадоци и останати непријатности кои го намалуваат доживувањето. Уредувањето на летувалиштата не зависи од неговата големина, што пак значи дека и малите и големите летувалишта се убаво уредени, а одморот е гарантиран.

Грција е блиску!

Кога на Инстаграм ќе погледнете фотографии од егзотични дестинации, може да се утешите со фактот дека не мора да патувате 5000 километри за да уживате во рајски предели. Во Грција постојат толку многу природни атракции кои изгледаат како да не се од овој свет. Доволно е да ги посочиме како пример водопадите Димисоара на Лефкада, пештерата Мелисани на Кефалонија, плажата Навагио на Закинтос, или волшебниот Санторини?

Тоа пак што е најдобро од се, е што близината на Грција овозможува за помалку пари да ги посетите некои од овие чуда на природата и уживате во сите волшебства на Грција.

Незаборавен ноќен живот за младите

Грчките острови Закинтос, Крф, Кефалонија, Крит се вистински рај за младите кои се во потрага по незаборавен ноќен живот.

Секако, за оние кои пак бараат помирни места на кои може да го одморат духот и телото, постојат бројни опции кои го овозможуваат токму тоа.

Позната музика и хитови

Грците кои доаѓаат кај нас често пати се изненадени кога ќе слушнат позната мелодија во нашите клубови. Истиот случај е и во спротивната ситуација. Многу песни се препеани од страна на нашите автори, па така ги делиме истите мелодии и ноти кои не раздвижуваат.

Освен заедничките мелодии, ретко кој може да остане рамнодушен кога ќе засвири традиционалната грчка музика – бузуки. Пробајте да го заиграте и грчкиот традиционален танц – сиртаки и уживајте во вашиот одмор.

Гастрономија и традиционална грчка кујна

Гирото е едно од омилените специјалитети на брзата храна, но грчката кујна е многу повеќе од парчиња месо, помфрит и леб. Ја обожуваме и грчката салата, суфлакито, ѕаѕикито, фета сирењето, муската од син патлиџан, а специјално уживање се сладоледот и благите деликатеси. Медитерански специјалитети, морски плодови и типична англиска и италијанска храна- сето ова може да го пронајдете во Грција.

Излети

Речиси секој аражман за лето во Грција содржи факултативни излети. На вас е да одберете барем 2-3 доколку не сакате одморот да го поминете во едно место. Почнувајќи од Атина и нејзиниот Акропол, кој можете да ги посетите додека летувате на островот Евиа или во летувалиштето Лутраки во близина на Пелопонез. Кога сме веќе тука треба да ја спомнеме и посетата на плажата Палеокастрица на Крф или пак прекрасната Глифада, островите Паксос и Антипаксос, плажата Миртос или пак прекрасното езеро Мелисани на Кефалонија, плажата Навагио на Закинтос и многу други.

Факултативните излети се вистинскиот начин да го збогатите вашиот летен одмор, особено доколку сте  одбрале да патувате во Грција со автобуски превоз.

Авантура во текот на патувањето

Соберете го друштвото, семејството, саканата личност… и заедно тргнете на патување од соништата. Спомените кои ќе ги доживеете во текот на патувањето и за време на самиот одмор засекогаш ќе ги паметите.

Доколку не сте решени за летување во Грција, обидете се да ги споредите вашиот избор и нашите аргументи и размислете повторно.