Камп Буљарица – Црна Гора 2021

1678

КАМП БУЉАРИЦА – ЦРНА ГОРА 2021

Туристичката агенција Го Травел во соработка со извидничкиот одред Јадран, ви претставуваат едно сосема ново летување! Одиме на камп во Црна Гора!

Кампот е лоциран во градот Буљарица, кој е оддалечен од Будва само 18 километри. Сместен е на 700 метри од една од најубавите плажи во Црна Гора, долга 2,5 километри. Плажата Буљарица е втора по големина на црногорскиот брег (по Улцињ), а најголема во ривиерата Будва.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 9 ноќевања по лице на база полнпансион во одбраната категоризација
  • туристичка такса

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • превоз во двата правци 30 евра по лице

ОПИС НА УСЛУГА:

  • Сместувањето е во две, три или четирикреветни камп куќички под сенка на стогодишен масленик
  • Четири креветните куќички имаат брачен кревет и два стандардни кревети
  • Исхраната е на база појадок, ручек и вечера во реновираната менза на кампот (одлична и тазе подготвена храна од професионални готвачи)
  • Тоалетот е заеднички и приспособен за целосно да ги исполни потребите на гостите со беспрекорна грижа за хигиената.
  • Кампот има заеднички туш кабини, посебно одвоени женски и машки, внатрешни и надворешни туш кабини со топла вода 24 часа
  • Кампот има амбуланта и лекар достапен 24 часа
  • Бесплатен Wi-Fi интернет низ целиот камп
  • Кампот има сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите
  • Кампот располага со спортски терен за кошарка, фудбал и слични активности
  • Бифе за пијалоци, кафе и сладолед во склоп на самиот камп

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • деца до 4,99 години не плаќаат за сместување (не е вклучено полнпансион доплата по желба 25евра, не е вклучен превоз, доплата 30евра)
  • деца од 4,99 до 11,99 години плаќаат 50% од цената на аранжманот и доплата за превоз 30 евра по лице