Крф за 8 Септември

6831

ПОНУДАТА Е РАСПРОДАДЕНА

Термин 06.09-10.09
Островот Крф, магичен, посебен, единствен. Дури и боговите своето прибежиште го наоѓале тука, а цела Европа се обидувала што повеќе да го задржи под своја власт. Остров со бурна историја и многу природни богатства. Токму затоа денеска е еден од најпосетуваните острови во Грција. Крф изобилува со прекрасни плажи, но и места кои ќе ви го одземат здивот. Совршено бегство за уживање во сончевите зраци за празникот 8 Септември

ПРОМО ЦЕНА 109 евра до 19.08, редовна цена 119 евра.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Три ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф
  • Автобуски превоз
  • Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица
  • Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Туристичка такса 1 евро од ден по соба
  • Посета на Градот Крф – 15 евра
  • Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис – 20евра (аквариум опционално 7 евра)
  • Посета на Сидари и каналот на љубовта – 25 евра
  • ПАКЕТ за сите факултативи  – 55 евра по лице
  • Задолжително патничко осигурување – 300 денари по лице
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

  • За да направите резервација, потребно е да уплатите 30% аконтација, а до 10 дена пред тргнување да биде целосно исплатена сумата на аранжманот.
  • Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
  • Деца од 0-03 години – бесплатно
  • Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите
  • Седиште на барање се доплатува по желба 10 евра по лице

Апартманско сместување:

  • Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги.
  • Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет, немаат интернет
  • Климата се употребува по желба (со доплата)

ПРОГРАМА:

06.09.2023 (среда)

ПРВ ДЕН: Состанок на групата пред хотел Континентал во вечерните часови. Ноќно возење преку граничниот премин Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.

07.09.2023 (четврток)

ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.

Во вечерните часови, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот

Во договорено време, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.

08.09.2023 (петок)

ТРЕТ ДЕН: Следниот ден, групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.

Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот.

По завршувањето на посетата, се враќаме во Ипсос.

09.09.2023 (сабота)

ЧЕТВРТ ДЕН: Во договорено време, групата се упатува кон местото Сидари, едно од најголемите туристички места на островот, познато по каналот на љубовта, чија легенда вели дека заљубените треба да го препливаат и секогаш ќе бидат заедно. Сидари е дефинитивно место каде имате можност за секакви активности, од одлични бич барови, до голема шетачка зона со продавници и ресторани, до убава песочна плажа и глинени карпи кои се идеални за правење пилинг на кожата. Целодневен излет исполнет со уживање и истражување.

По завршувањето на посетата групата се враќа во Ипсос.

10.09.2023 (недела)

ПЕТТИ ДЕН: Последниот ден е резервиран за уживање на плажата во Ипсос. Во договорено време се прави чек аут од апартманите и се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на Грција.
  • Пасошот треба да се со минимум 3 месеци пред истекување за да може да се влезе во државата.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во апартманите. Распределбата на собите се врши при пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел