Ксамил и Саранда за 24-ти мај

189
Ксамил е скриен скапоцен камен, кој се наоѓа на албанската ривиера. Во Ксамил, можете да уживате во рајските плажи кои нудат бел песок и кристално чиста вода со медитеранска клима во текот на целата година.

Ксамил е првенствено познат по своите убави песочни плажи и кристално чисти води. Особено на четирите острови лоцирани недалеку од крајбрежјето. Овие четири острови се ненаселени и до нив доаѓате со брод.

Во селото живеат околу 4000-5000 луѓе и туризмот се зголемува со секоја измината година.
Селото, исто така, го има задржано шармот до одреден степен и има многу пријатни мали ресторани со домашна кујна.

ПРОГРАМА:

1 ден – четврток (20.05.2021)
Состанок на групата на Дрводекор во 21:30 часот, поаѓање во 22:00.
Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – петок (21.05.2021)

Пристигнување во Албанија во утринските часови. Сместување во вила или во Хотел Дрилони 3* (избор на патникот) во Ксамил. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка во Ксамил.
Ноќевање.

3 ден – сабота (22.05.2021)

Третиот ден е предвиден за факултативна посета на националниот парк Бутринт и градчето Саранда. Бутринт е национален парк во јужниот дел од Албанија, оддалечен 18 километри од градот Саранда, во регионот на Валона. Паркот зазема површина од 94.244 км2 и се простира на ридест терен, со бројни езера, мочуришта, ливади, солено песокливо земјиште и острови. Во овој богат геоеколошки систем живеат преку 1200 растителни и животински видови. Под заштита и управа на националниот парк Бутринт влегуваат и сите езера и лагуни.

Археолошкото наследство на Бутринт е едно од најголемите и најважни наоѓалишта во Албанија. Во него се најдени предмети и градби од бронзено време, па сѐ до среден век. И денес се гледаат остатоци на градските ѕидини, крстилници од античкиот период, базилика, римски амфитеатар и два замка. Остатоците од древниот град се наоѓаат во природен амбиент, со комплексен екосистем кој зависи од блиското езеро и каналот кој ја одведува водата во Јонско Море. Оваа комбинација на историски споменици и природното опкружување го прави Националниот парк Бутринт уникатен културно-природен споменик.

Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП) го ставил овој парк во втора категорија на заштита. Во 1992 година, Националниот парк Бутринт пристапил во УНЕСКО и е внесен во списокот на светското културно-природно наследство. Лагуната и мочуриштето се влезени во подрачја од меѓународно значење, според Рамсарската конценција. Езерото Бутринт е важна област во која се наоѓаат голем број на растителни видови и птици од меѓународно значење.

По посетата на Бутринт, се упатуваме кон Саранда, градче сместено покрај брегот на Јонското Море. Претставува еден од најважните туристички центри тука, исполнето со многубројни кафулиња, ресторани и продавнички. Враќање во вилата и ноќевање.

4 ден – недела (23.05.2021)

Слободно индивидуално време за прошетка по песочните плажи на Јонското Море и доколку дозволат временските услови можност за капење и сончање, дегустација на вкусна морска храна во некој од локалните ресторани, одмор и релаксација. Ноќевање.

ден – понеделник (24.05.2021)

По појадокот, одјавување од собите во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, шопинг. Тргнување за Скопје во 14:00 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Сместувањето за аранжманот може да биде апартманско или хотелско во Хотел Дрилони 3* на услуга ноќевање со појадок. 

ПРОМО ЦЕНА ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ: 59 ЕВРА

ПРОМО ЦЕНА ЗА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ: 69 ЕВРА

 ПРОМО ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ЗА УПЛАТИ ДО 30.04.2021!

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 3 ноќевања во Ксамил (апартманско сместување или хотелско сместување)
  • Организација и реализација на патувањето
  • Лиценциран туристички водич

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса (1,10 евро по лице по ноќевање).
  • Патничко осигурување
  • Факултативна посета на Саранда и националниот парк Бутринт – 10 евра по лице
     Напомена:
    – Влезницата во националниот парк Бутринт не е вклучена во цената, 5евра по лице

Плаќање за деца: 

  • Во случај, двајца возрасни и дете (2-11.99 год.), за детето се плаќа 35 евра.
  • Во случај, еден возрасен и едно дете (2-11.99 год.), за детето се плаќа целосната сума
  • Во случај, еден возрасен и две деца (2-11,99), за едно дете се плаќа полна сума, а за второто 35 евра.

ИНФОРМАЦИИ:

  • Доплата за сингл соба во апартманско сместување е 20евра, а во хотелско 25евра
  • Се патува со лична карта или пасош
  • За влез во Албанија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела
  • За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници
  • Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

За влез во Албанија не е потребен PCR тест.