Ксамил за 11-ти октомври (2ноќи)

190

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ : 65 евра по лице

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со туристички автобус со поаѓања од Скопје, Велес, Кавадарци(Дреново), Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга
  • Превоз од Штип трансфер + 10 евра
  • 2 ноќевања во Апартмани Луна во Ксамил (цената е дадена по лице пакет аранжман)
  • Деца од 0 – 5,99 години : Бесплатно во соба и на превоз
  • Деца од 6 – 11,99 години : 35 Евра пакет аранжман со вклучен превоз.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување
  • Факултативните излети и посети
  • Факултативна посета на Blue Eye 5 евра по лице
  • Факулативна посета на Саранда 5 евра по лице
  • Вечера во Саранда во зависност од бројот на пријавени

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН (10.10.2020 – сабота)
Состанок на групата во утринските часови. Поаѓање за Албанија. Патувањето поминува преку граничниот премин Ќафасан , со мали попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови го Ѓирокастро ( разглед на градот и слободно време за кафе) Градот Ѓирокастро е дел од листата за заштита на светско наследство на УНЕСКО и претставува едно од најатрактивните туристички места во земјата. Сместен во историската област Северен Епир, градот е познат по својата тврдина, како и многубројните музеи, автентична архитектура и традиционални јадења. Името на градот уште значи и „Сребрена тврдина“ на грчки јазик. Во тврдината се наоѓа Воен музеј, во кој се изложени експонати и сувенири од времето на Втората светска војна, како и Саат Кула, Фестивалска сцена и поглед на долината и градот кој го одзема здивот. Во срцето на градот се наоѓа Пазарот, каде што туристите може да посетат голем број на сувенирници, продавнички, артистички активности како и барови и ресторани. Сето ова, претставува спој од културно наследство и природни феномени, кои вредат да се посетат. После паузата поаѓање кон Ксамил и сместување во вила Луна. Ноќевање

ВТОР ДЕН (11.10.2020 – недела)
Ксамил. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови факултативна посета на Саранда и на нејзините убавини како и опција за факултативна вечера во ресторан покрај море. Враќање во Ксамил. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН (12.10.2020 – понеделник)
Напуштање на собите во раните утрниски часови и факултативна посета на Blue Eye Природниот феномен наречен „Сино око“ (албански „Syri i kaltër“) ги маѓепсува многубројните туристи со својата кристално чиста вода и прекрасна шума која го опкружува изворот. Лоциран на само 22 км од Саранда. Покрај изворот се наоѓаат и неколку ресторани со навистина вкусна храна. „Синото око“ е всушност извор чија длабочина не е официјално измерена поради силниот притисок но се смета дека изнесува околу 80 метри. Исто така, тоа е единствената река која што се влева во Јонското море. Водата е прилично ладна па пливаат само најхрабрите, додека останатите посетители фрлаат камчиња кои „магично“ се враќаат на површината по извесно време. Едноставно, станува збор за место кое не смее да се пропушти!  По завршувањето на разгледот на Blue Eye, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во касните вечерни часови.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 5 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел.