Кушадаси за 8-ми март

717

КУШАДАСИ ЗА 8-МИ МАРТ 2021

ПРОМО ЦЕНА: 159 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ДО 15.02.2021

ПОЛУПАНСИОН

1 ден – четврток (04.03.2021)

Средба на групата на Дрводекор во 14:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Кушадаси. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

2 ден – петок (05.03)

Пристигнување во Кушадаси во утринските часови. Кушадаси е приморски град во Турција и многу популарно летувалиште на брегот на Егејско Море. Некогаш мала рибарска населба, денес центар на туристи од Велика Британија, Ирска, земјите на Бенелукс и поранешна СФРЈ. Според пописот од 1995 година, градот брои 50.000 жители, а денес населението изнесува 70.000, додека пак во текот на летната сезона во Кушадаси има до милион туристи. Се упатуваме на разглед на градот, слободно време за одмор. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден – сабота (06.03)

Појадок, по појадокот факултативна посета на Ефес 30€. Еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Враќање во хотел. Слободно индивидуално време. Вечера. Ноќевање.

4 ден – недела (07.03)

Појадок. По појадокот факултативна посета за Памуккале 40€. Памуккале е една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори кои личат на памучни планини во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

5 ден – понеделник (08.03)

Појадок. Напуштање на собите. Во договореното време посета на трговски центар. Трговскиот центар располага со голем број брендирани продавници како: Adidas, Nike factory store, Hummel, FLO, Mavi, Kotton, Waikiki, Pierre Cardin, U.S Polo ASSN, итн…Во попладневните часови заминување кон Македонија.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА УПЛАТИ ДО 15.02.2021

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА, ПРИЛЕП И ВЕЛЕС

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • 3 ноќевања на услуга полупансион во хотелот Korumar Ephesus Beach 5* ( https://korumarephesus.com.tr/en)
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Посета на трговски центар
  • Лиценциран пратител во текот на целото патување
  • Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • факултативни излети
  • индивидуални трошоци

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници
– За реализација на факултативата потребен е минимум од 20 патници
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Го Травел.