Лето Закинтос 2021

11979

ТЕЛЕФОН: 070/338-870, 070/338-857

Закинтос – Тука се одморале Аполон и Артемида. Биле маѓепсани од тројанскиот принц Закинтос, кој прв го открил островот и по него по добило своето име. Поради природната убавина за него се бореле Римјаните, Византијците и Млеќаните. Се верувал дека островот прва го посетила Марија Магдалена, па оттука се проширило христијанството, кое е важен дел од нивната култура.

ЛАГАНАС – место за забава

Лаганас е место каде забавата не застанува. Со бројните клубови по главната улица, нејзината околина и плажите, местото е рај за забава. Големата песочна плажа од 9 километри дава голем избор за уживање. Островот е прилично мал, па така сите плажи се близу како Дафни, Агиос Николаус и Банана Бич. Најпозната е плажата Навагио или Shipwreck на која се наоѓаат остатоци од стар пиратски брод, а морето е како од бајка.

Плажите на Закинтос се познати по својата природна убавина и препознатливата смарагдна боја на водата. Најпозната е Навагио, која има бел, мек песок, тиркизно море, импресивна карпа која може да се посети само со брод. Останатите прекрасни плажи на Закинтос се Геракос, Агиос Николаус и Спанзиа

Вила Ламбрини

Вилата се наоѓа во Лаганас, на централната улица, во близина на клубовите. Плажата е оддалечена околу 5 минути пешачење. Студијата имаат кујнски дел со решо, фрижидер, како и тераса. Некои од студијата имаат можност за изнајмување на клима уред.

 

Вила Корали – Лаганас

Вила Корали се наоѓа на идеална локација во Лаганас, на околу 50м од плажата и на 2 минути пешачење од главната улица и сите случувања. Во близина на вилата има маркет, како и барови на плажата. Вилата е поделена на 2 блока кои имаат посебни влезови. Има двокреветни, трокеветни и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со решо и фрижидер, како и можност за изнајмување на клима, додека користење на сеф е вклучено во понудата.

НАПОМЕНА: Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 25€ по лице. На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.

ТЕЛЕФОН: 070/338-870, 070/338-857

СЕ ШТО Е ОБЕЛЕЖАНО СО ЦРВЕНО Е РАСПРОДАДЕНО!

ВАЖНО:

  • Согласно моменталниот став на Република Грција за патување за време на летото, агенцијата Го Травел ве информира за можност за PCR тестирање по повластена цена за сите патници (инфо во агенција)
  • Оние кои ќе бидат вакцинирани со одобрена вакцина од Република Грција треба да ни достават потврда дека ја имаат и немаат трошоци за тест.
  • Оние кои имаат доказ за антитела исто така треба да ги приложат и немаат дополнителни трошоци за тест (информација подлежна на промена)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Закинтос
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Туристички придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
  • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)

НАПОМЕНИ:
Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
• Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Доплата за клима 5 евра од ден по желба
•Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Лаганас. Сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија