Никиана – Порто Фино

2882

Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа меѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плажи на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Вила Порто Фино се наоѓа на самиот магистрален пат, на 30метри од плажа, во нејзина близина има неколку ресторани, таверни и пекара. Вилата располага со само со трокреветни студија кои се наоѓаат на прв кат.

Сите студија располагаат со мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (доплата од 4еур на ден) , ТВ, тераса.

-25% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.12.2020

-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.01.2020

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 28.02.2020

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

GPS: 38°45’19.1″N 20°43’10.4″E

ВИЛА ПОРТО ФИНО – НИКИАНА
ЦЕНА ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
Термини Ноќевања 1/3 студио Коментар
26.05-02.06.2020 7 69 Промо
02.06-09.06.2020 7 79 Промо
09.06-16.06.2020 7 109 Промо
16.06-23.06.2020 7 189
23.06-30.06.2020 7 229
30.06-07.07.2020 7 259
07.07-14.07.2020 7 309
14.07-21.07.2020 7 349
21.07-28.07.2020 7 399
28.07-04.08.2020 7 399
04.08-11.08.2020 7 399
11.08-18.08.2020 7 399
18.08-25.08.2020 7 369
25.08-01.09.2020 7 339
01.09-08.09.2020 7 289
08.09-15.09.2020 7 199
15.09-22.09.2020 7 109 Промо
22.09-29.09.2020 7 69 Промо

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -50€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -45€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • Битола-Автобуска станица Транскоп – на перон-40€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -45€
  • Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -45€ по лице
  • Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -45€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -45€ по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -45€ по лице

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 15 Евра од редовната цена од Битола и 10еур од Скопје
– Деца до 1,99 години бесплатно
-Возрасно лице над 63год – 10еур попуст

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

* За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст  (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
* Важат Општите услови на СКТМ и ТА “ГО ТRAVEL“.

Време на поаѓање за Лефкада:

  • 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • 01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
  • 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
  • 04:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп на перон)
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)