Нова година на КРФ

1230

Остров познат како “Зелениот Смарагд”
Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција носи сино – бела униформа, но островот Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена. Познат како “Зелениот Смарагд”, вториот по големина од Јонските Острови покриен е со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, со население со многу мирен и отворен дух, за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти.
Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот Крф. Малите улички му даваат посебна отменост на Стариот Град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, стари млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии, продавници за сувенири и бројни цркви.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
01 ДЕН (29/30.12.2019 – недела/понеделник) Состанок на групата на паркингот на Холидеј Ин во 21:30h. Тргнување во 22:00h. Царински формалности.
Во раните утрински часови пауза кај Јанина. Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и пристигнуваме во главното пристаниште на островот Крф. Од таму се упатуваме кон Ипсос. Сместување во апартманите. Слободно време.
По одморот одиме во прошетка на западната страна на островот во областа Палеокастрица и се искачуваме кон Лаконес. Мало традиционално селце, лоцирано на 4км оддалеченост од плажата. Старите камени куќи кои потекнуваат од 18-ти и 19-ти век сведочат за културното минато на ова подрачје. Искачувањето трае, но како се качуваме повисоко, глетката станува се повозбудлива. Самиот Лаконес е познат како Bella Vistа – во Европа познато како едно од топ 10 места со спектакуларен поглед на отворено море, поглед кој го запира здивот. Релаксација и уживање во пејсажот со коктели и слатки.
Продолжуваме и пропратно застануваме на фото спот место, замокот Angelo Castro кој играл клучна улога во одбрана од Османлиските напади. Потоа продолжуваме во Corfu Town. Се враќаме назад во апартманите. Време за одмор и релаксација. Вечерта ја поминуваме со предновогодишна забава во “Club Elitе”. Клубот се наоѓа во непосредна близина на клубот “54” и спаѓа во еден од најелитните островски клубови во Европа.

02 ДЕН (31.12.2019-вторник) Одиме во посета на Achillion Palace, летна палата изградена во 1890 година, специјално за Кралицата на Австрија, Елизабета, позната како Сиси. Ентериерот е декориран во стилот на грчката митологија, а во чест на грчкиот полубог Ахил. Популарноста на Achillion Palace доаѓа и од фактот дека во неа е снимен познатиот филм за James Bond, “For Your Eyes Only”. Продолжуваме до областа Канони каде се наоѓа мала црква на Panagia Vlacherna,
изградена во 17-ти век, а позната по импресивниот дрвен иконостас. Од црквата тргнуваат мали
бротчиња кон легендарниот Mouse Island, кој е на 5 мин. оддалеченост. Овој зелен остров
името го добил по тоа колку е мал. Според митологијата, овој карпест остров е бродот на Улисес
кој бил претворен во камен од богот Посејдон. Се искачуваме на врвот од ридот во Канони каде
се наоѓаат две кафулиња со фасцинантен поглед кон црквата Panagia Vlacherna, морето и Mouse Island. Време за одмор и релаксација. За дочек на Новата година имаме организирана вечера во Таверна со традиционална грчка музика (life music). После полноќ забавата продолжува во дискотеката ”54”, која се вбројува во најелитните во Европа.
03 ДЕН (01.01.2020-среда) Слободно утро. Во попладневните часови одиме на прошетка во градот Крф, која ќе Ви го долови духот и наследството од сите народи кои низ вековите оставиле свој отпечаток на културниот развој на градот. Мешавина на влијанијата на Истокот и Западот, еден од исклучително добро сочуваните стари градови во овој дел на Европа кој има типична градска матрица за градовите од Средоземјето со кривулести и тесни улици со мали плоштади и камени згради. Главни обележја на градот се: плоштадот Листон; палатата Св. Михаил и Ѓорѓија која е лоцирана долж северната страна на плоштадот Спианада; Старата тврдина и многу
други.
04 ДЕН (02.01.2020-четврток) Напуштање на собите околу 09:00ч. Собир на групата и тргнување од островот во претпладневните часови. Патување со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Напомена:
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го
организираат патот со траектот до и од Крф.
• Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве
молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
• Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет
врската.
• Секој патник има обврска и задолжен е да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.

ЦЕНА 89 ЕУР (5.518,00 ден)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО :
• Автобуски превоз Скопје – Ипсос (Крф) – Скопје
• Траект Игуменица – Крф – Игуменица
• 3 ноќевања во двокреветни студија и четворокреветни апартмани на база на наем
• Употреба на клима уред
• Пратител за време на патувањето и престојот
• Трошоци за организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативни излети
▪ Палеокастрица и Лаконес – 10 €
▪ Achillion Palace и областа Канони – 20 € (доплата за бродче за Mouse Island – 1.5 €)
▪ Посета на градот Крф – 5 €
▪ Влезница за Club 54 – 8 € со еден пијалок
▪ Новогодишна вечера во таверна со договорено мени за храна; пијалоци се плаќаат
индивидуално – дополнителна информација
• Индивидуални трошоци на патниците
• Задолжителна туристичка такса која се плаќа 0,5 еур по соба од ден на лице место
• Патничко осигурување (задолжително)
• Еднокреветна соба – 70% од износот
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
• Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
• При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот
износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
• Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
ОПШТИ НАПОМЕНИ
– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување
на Го Травел и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.