НОВА ГОДИНА – Загреб и Љубљана “Christmas Мarket”

1367

1 ден (28.12.2019) сабота:  Македонија – Загреб
Состанок на групата пред спортска сала Младост во 17:30 ч. Заминување во 17:30 ч. од Битола, попатнo Прилеп (бензиска Лук Оил ), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал),  Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници.
Продолжување на патот преку Србија, царински формалности, попатни одмори, ноќно возење.

2 ден (29.12.2019) недела: Загреб
Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Попладне разглед на Загреб со професионален туристички водич:
Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотрсчак (13 век ) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала ( 100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути)…. Ноќевање.

3 ден (30.12.2019) понеделник: Загреб- Љубљана-Загреб
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разглед на градот со водич (посета на Прешерновиот плоштад, Љубљански град -стариот дел на Љубљана. Слободно време за индивидуални прошетки по кејот на реката Љубљаница и слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Во попладневните часови враќање во Загреб. Ноќевање.

4 ден (31.12.2019) вторник: Загреб
Појадок. Слободен ден и уживање на убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќна магија на градот. Дочек на Нова Година, на еден од плоштадите или во дискотека (факултативно). Ноќевање.

5 ден (01.01.2020) среда: Македонија
Појадок. Во претпладневните часови заминување за Македонија. Попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење.

6 ден (02.01.2020) четврток: Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови, Куманово, Скопје, Велес, Прилеп, Битола…

Цена за уплата до 02.12.2019: 179 ЕВРА

Редовна цена : 199 ЕВРА
Цена за дете до 6 години: 119 евра (спие во кревет со родител)

Во цената Е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– поаѓање од Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје – бесплатно
– 3 ноќевања со појадок во хотел I 3*
– Разглед на Загреб со професионален водич
– Посета на Christmas market (Advent Zagreb 2020)
– Придружник од агенцијата
– Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено
 Факултативна посета на Љубљана со водич: 20 € (мин. 20 патници-резервации во агенција)
– поаѓање од Охрид, Струга, Кичево доплата 5 евра по лице повратен трансфер

– Влезници за музеи и културно – историски споменици

– Патничко осигурување
– Неспомeнати услуги
– Личен трошок на патниците

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Го Травел

Зошто да ја прославите Нова Година во Загреб?!

Адвент во Загреб Christmas Market

Звуците на божиќните ѕвончиња, мирисот на медењаците, вареното вино …. доволно е само да се препуштите на уживање! Загреб за време на Адвентот нуди безброј случувања и манифестации кои би го задоволиле вкусот и на најпребирливите посетители. Забава, добра храна, уникатни случувања, уметност, но и вистински божиќен настан ве очекуваат на улиците на главниот град на Хрватска. Немојте да го чекате Дедо Мраз пред каминот, туку пронајдете го низ Загреб. Спремете ги вашите зимски обувки за долга авантура затоа што ве чекаат безброј изненадувања и музички програми, со кои прекрасната атмосфера е неизбежна!

Започнуваме со Адвентот во Загреб, спремете се!
Адвентот во Загреб е традиционална претпразнична манифестација која се одржува на повеќе локации во центарот на Загреб со богата културно-забавна програма. Програмата започнува на крајот на ноември и трае до крајот на декември.

Адвентот во Загреб започнува со традиционално палење на првата адвентска свеќа на Плоштадот Бан Јелачиќ, кај Мандушевац. Во уличките околу плоштадот Бан Јелачиќ се одржува Божиќен саем. Пригодни божиќни подароци, медењаци, шарени украси, божиќен накит и сувенири, кои што можат да се најдат во огромниот број на продавнички, кај уметниците кои ги продаваат и кај произведувачите на традиционални хрватски производи.
На главниот плоштад во Загреб кај големиот часовник, се наоѓа голема божиќна елка, а на сцената се одржуваат концерти и претстави.
Од 2014 година новитет е Ледениот парк на плоштадот Томислав, кој вклучува лизгалиште, угостителски услуги и музичка програма.

ДЕЛ ОД БОЖИЌНАТА ПРОГРАМА:

ПОСЕТА НА „ЛЕДЕНИ ПАРК“
На плоштадот „Краљ Томислав“ Ве очекува магична зимска идила на мраз – лизгалиште на отворено. Можност да научите да лизгате со помош на стручни лица од школи за лизгање. Музичката програма и разните гастрономски специјалитети ќе ја затоплат празничната атмосфера, додека пак, квалитетната културна содржина ќе направи да се почувствувате како да сте дел од вистинска Божиќна бајка.

ПОСЕТА НА „ПАРК  ЗРИЊЕВАЦ“
Во еден од најубавите паркови во Загреб, во кој има преку 220 раскошни дрвја украсени со преку илјада светилки, музички павилјон со божиќни класици и валцери, стари загребачки специјалитети, уникатни рачно изработени сувенири и  топла атмосфера ќе ве вратат во детството и ќе ве потсетат, што е всушност Божиќ.

ПОСЕТА НА „ЕВРОПСКИ ПЛОШТАД“
Строгиот Центар на градот е омилено место на младите. Освен концерти, можете да погледнете добар филм, многу  интересни изложби и понуди од разни европски градови…Добро друштво, греано вино, како ѝ богата музичка програма, е услов за незаборавна забава.

ПОСЕТА НА „ЗАГРЕБАЧКА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА“
Во Центарот на градот ќе уживате шетајќи низ божиќните куќарки полни со сувенири, благи специјалитети и новогодишни подароци. Звукот на различните жанрови (џез, фанк, рок, поп) само ќе допринесе расположението да биде поголемо.

ПОСЕТА НА „ФУЛИРАЊЕ“
Како дел од „адвентот“, на плоштадот „Штросмајер“ кај „успињача“ (Загребачка жичара), сместени се врвни ресторани и барови со специјална гурманска „street food“ понуда –  гулаш, истарска супа, локални специјалитети, скара, сармички, креативни бургери и сочни колбаси…

ПОСЕТА НА „ТУНЕЛ ГРИЧ“
Пешачкиот тунел „Грич“ кој се наоѓа под „Стариот град“, за време на празници се претвора во вистинска Божиќна бајка.

ПОСЕТА НА „ТУНЕЛ МАРИЌ“
Тунел од бели гранки украсен со илјадници бели светилки. Минувајќи низ него, ќе доживеете милион воздивки, позитивни вибрации, како ѝ мали трик изненадувања.

ПОСЕТА НА „ДВОРОВИ КЛОВИЌ“
Во најубавиот дел од градот, во идилично опкружување на „Горниот Град“ ве очекуваат незаборавни моменти и спомени.
Освен бесплатни концерти, божиќни колачиња и добра забава, посетителите ќе имаат можност да се сликаат во посебна рамка – која има поглед на Загребачката катедрала. За совршена зимска фотографија, од оваа рамка може да врне снег кога и да посакате.

ПОСЕТА НА„ВРАНИЦАНИЕВА ПОЉАНА“
Бајковита локација на „Горниот Град“ која што едноставно мора да се види во живо – џез ритам со чудесна и помалку мистична атмосфера дополнета со сценографија.

ПОСЕТА НА„ШЕТАЛИШТЕ ШТРОСМАЈЕР“
Најромантичниот дел од „Горни Град“- место каде секој сон станува реалност.
Препорака за посета на „Caffe de Matoš“.

ПОСЕТА НА „ИСУСОВО РАЃАЊЕ“
Драмски сцени од Исусово раѓање.

ПОСЕТА НА„АДВЕНТСКИ ВЕНАЦ“
Низ целиот град ќе бидат поставени дрвени куќарки со рачно изработени сувенири, украси и божиќни подароци за најблиските.

Печени костени, божиќни колачи, греано вино и весел амбиент се рецепт за незаборавно искуство и вистинска празнична еуфорија.

Локации: Улици – Боговиќева, Гајева, Петриќева, Варшавска, Плоштадот на република Хрватска, Плоштадот Бан Јелачиќ

Видео од „Божиќниот базар“ во Загреб: Christmas Market

Опис на локации

Загреб е главен град на Република Хрватска, најголем град во Хрватска по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида, Градец и Каптол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град. Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. И по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период.

Љубљанаглавен град на Словенија, сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жители). Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.