Охрид за 8-ми март

163

Охрид — град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО. Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид.

Хотел Силекс 4* – 4.400 ден.

Хотел Аквалина 4* – 4.700 ден.

Посета на Св. Наум, Вевчани и Бигорски манастир
Термин: 05.03-07.03.2021

Охрид — град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО. Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид.

Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна.

Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле. Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м.

Цена на аранжманот по лице:

Хотел Силекс 4* – 4.400 ден.

Хотел Аквалина 4* – 4.700 ден.

Прв ден: 05.03.2021 (петок)

Состанок на групата во 06:45 часот во Куманово и 07:45 часот во Скопје и тргнување кон Охрид со попатни паузи за одмор и можност за кафе-пауза и индивидуален појадок во ’Мекиците од Стража’. Пристигнување во Охрид во претпладневните часови и веднаш сместување во избраниот хотел. Краткотраен одмор. Тргнување кон Свети Наум, посета на манастирот, можност за прошетка, индивидуален ручек, шопинг, посета на продавниците за сувенири итн. Враќање во хотелот, слободно време за прошетка покрај езерото во населбата Св. Стефан. Вечера. Ноќевање.

Втор ден: 06.03.2021 (сабота)

Појадок. Заминување на групата во центарот на Охрид. Посета на Св. Софија, Плаошник, Самоиловата тврдина, Св. Јован Канео и останати знаменотости во градот во договор со групата. Слободно време за прошетка и шопинг во Охрид со можност за индивидуален ручек. Враќање во хотелот. Слободно време за одмор. Навечер свечена вечера со можност за забава (по протоколите за ковид-19). Ноќевање.

Трет ден: 07.03.2021 (недела)

Појадок. Одјавување на рецепција. Тргнување кон Вевчани. Посета на познатите Вевчански извори, главната селска црква Св. Никола, на Света Богородица и дел од останатите знаменитости во местото. Слободно време за прошетка, купување на сувенири, индивидуална закуска во некој од многуте автентични ресторани и сл. Тргнување кон Бигорски манастир Св. Јован Крстител. Посета на манастирот, време за прошетка, посета на продавниците за сувенири и икони. Тргнување кон Куманово со паузи зависно од потреба и попатно застанување во Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобус по протокол)
  • Два полупансиони во избраниот хотел
  • Посета на Св. Наум, Охрид, Вевчани, Бигорски манастир
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
  • Свечена гала вечера со можност за забава зависно од протоколите

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба + 30%

Напомени:

  • За реализација на аранжманот со вклучен превоз потребен е минимум од 35 патници
  • ТА Го Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • За аранжман со сопствен превоз цената се намалува за 1.550 денари