Островот Крф е еден од најубавите острови, лоциран на најсеверниот дел на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во Јонското море. Островот претставува мозаик на историјата, склоп од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење на Византијци, Римјани, Французи, Руси, Англичани, па се до Италијанци и Германци во поновата историја.
Крф е островот кој успеал да го воодушеви античкиот јунак Одисеј со прекрасната природа. Раскошна убавина, спој на цивилизации, тиркизно море и прекрасни плажи. Изобилува со планински релјеф, бујна вегетација, долги златно песочни плажи, едни од најубавите грчки градови, многу традиционални села, Византиски цркви, повеќе музеи, импресивни венециски тврдини.
Ова е дестинација која многу ја одбираат, бидејќи овозможува повеќе димензии на она што се вика вистински одмор.
GO Travel ве носи на Ипсос
За летната сезона за Вас го имаме токму овој остров во нашата понуда, местото Ипсос, кое според местополжбата е едно од најидеалните места за вашиот летен одмор. Се наоѓа на само 15 километри од главниот град Крф (Kerkyra), 19 километри од местото Палеокастрица и уште неколку познати туристички места. Неговата структура е многу едноставна. Една главна улица на која од десната страна се наоѓа градската плажа, долга 2 километри, додека од левата се наоѓаат сите ресторани, маркети, кафулиња, таверни, барови и дискотеки. Неверојатно топлата и бистра вода ја прават градската плажа совршена за уживање, но и водените спортови, кои се доста популарни.
OLIVE TREE – Ипсос, Пирги
Вилата Olive Tree се наоѓа на околу 400 метри од плажата (неколку минути пеш по рамен пат до плажа), опкружена со зеленило, во мирниот дел на Ипсос, сокриена од градскиот метеж. На неколку метри од вилата има супер маркет.
Вила Olive Tree располага со една трокреветна соба (три класични кревети, која може да се употреби и како двокреветна), и еден четворокреветен апартман (со две посебни спални соби). Секоја соба има мини кујна, опремена со основен прибор, мал фрижидер, решо, аспиратор, тоалет, тераса. Трокреветната соба има клима со доплата од 5 евра од ден по желба, додека апартманот има два вентилатори бесплатно. Вилата располага со приватен паркинг.
Термин | Редовна цена | Попуст со целосна уплата | Слободни соби |
14.07-21.07 | 159 евра | 139 евра | 1/2 +1 и 1/4 апп |
21.07-28.07 | 179 евра | 159 евра | 1/2 +1 и 1/4 апп |
28.07-04.08 | 189 евра | 169 евра | 1/2 +1 и 1/4 апп |
ВИЛА Olive Tree e дополнителен закуп за термините од 14.07-21.07, 21.07-28.07 и 28.07-04.08
НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 15 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од 0.50 центи по лице на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Акцијата со попуст важи само со целосна уплата на аранжманот и трае до пополнување на местата. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Доколку сакате да споите термин, поради тоа што термините веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз не се одземаат пари поради попустот од 30%.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 45 евра со доплата од 15 евра за траект – во два правци
• Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса
ПРОГРАМА:
- Прв ден
Средба на групата на Дрводекор во вечерните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола). Попатни паузи за освежување и царински формалности. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови.
- Втор ден
Пристигнување во Ипсос и сместување во апартманите. Време за одмор и адаптација. Во попладневните часови организиран инфо состанок со нашиот претставник, во еден од локалните барови, со цел групата да ги дознае сите потребни информации, како и претставување на сите факултативни излети.
- Трет до Осми ден
Организирани тури преку нашиот партнер, тур оператор, каде ќе имате можност вистински да го истражите островот и да се запознаете со најзначајните места и убавини. За целото тоа време со вас е нашиот претставник од агенцијата кој ќе ве води низ овие авантури.
Можност да се одберат повеќе факултативи:
Посета на градот Крф – главниот град на островот кој изобилува со архитектура, историја и знаменитости. Спој на модерното со историјата, ќе се чувствувате како да сте во Парис, Дубровник, Венеција поради неверојатниот спој на култура. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ – 10 евра со водич
Тура север (Палеокастрица и Сидари) – Адреналинска и авантуристичка тура со која се посетуваат најпопуларните места на островот Крф и се обиколува речиси 40% од островот. Целодневна тура со автобус каде се посетува фабрика за производство на ликери и слатки од традиционалното овошје Кум Куат, местото Палеокастрица, со најубавата и најбистрата вода на островот, манастирот на Света Богородица и аквариум со терариум. Местото Бела Виста со најубавиот поглед на дланка на цела Палеокастрица и турата завршува во Сидари познато по тунелот на љубовта. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра со водич.
Посета на плажата Глифада – најпосетената песочна плажа на островот, каде можете да уживате и да се сончате. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 12 евра
Крстарење со брод по североисточниот дел на островот со вклучен ручек и пијалоци – Целодневно крстарење со попатни застанувања на диви плажи и малото туристичко место Касиопи. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра.
Вкупна цена на турите: посета на градот Крф, плажата Глифада, турата Север и крстарење со ручек е 72 евра. Со резервација на пакет турите изнесуваат 65 евра по лице.
Крстарење по јонските острови Паксос и Антипаксос – Целодневно крстарење по светски познатите острови по убавината на водата и неворојатно ситниот и бел песок. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 30 евра.
Посета на Акваленд– Вториот по големина во Европа, веднаш по оној од Кушадаси каде адреналинот е загарантиран. Одлични скокалници и секакви водни атракции за сите возрасти. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ И ВЛЕЗНИЦА 27 евра.
- Деветти ден
Напуштање на собите во 09ч наутро. Слободно време додека да пристигне автобусот за враќање. Групата се качува на траект и следува ноќно возење до Македонија.