Ова сигурно не сте го знаеле за скијањето

1401

Знаевте ли дека скијањето прво било начин на транспорт во Европа пред да стане спорт?

Најстарите докази евидентирани за постоењето на скијањето, се најдени во регионот на Норвешка и Шведска уште од примитивните времиња, 5000 години п.н.е. Се до 1800-тите години, скијањето се користело за превоз, а дури по 18-от век, станува спорт за рекреација.

Популарноста на одење на одмор за скијање и негова комерцијализација, доживува дури во 19-от век, а најголем замав доживува во средината на 1900-те години, па се до денес.

Ова се најинтересните факти за скијањето:

  • Зборот „ски“ е изведен од норвешкиот збор ‘skíð’ што значи поделено парче дрво.
  • Првата снимана скијачка трка е одржана во Шведска во 1879-та година.
  • Алпското скијање го добило своето деби на Зимските Олимписки игри во 1936-та година и Германецот, Франц Пфунер бил првиот човек што го освоил златниот медал на шампионатот.
  • Свети Бернард од Монатана e заштитникот светец на скијачите. Тој бил прогласен за светец од папата Пиус XI во 1923 година. Тој станал заштитник на скијачите како резултат на 40-те години посветени на мисионерска работа на Алпите, a исто така и расата кучиња Бернардинец го добиле името по него.

  • Сер Артур Конан Дојл е човекот кој во Швајцарија го донел скијањето. Откако се вратил од едно од неговите патувања во Норвешка, тој со себе земал и скии, бидејќи сметал дека Швајцарија има совршени терени за тоа. Тој бил познат по изјавата: Убеден сум дека со текот на времето, стотици Англичани ќе доаѓаат во Швајцарија за скијачката сезона.
  • Скијањето е еден од најбрзите спортови без мотор на земја. Скијачите можат да скијаат побрзо од кола, а тоа и е докажано од страна на Симон Оригон во 2006-та година. Тој го постави светскиот скијачки рекорд на 251 километар на час, споредено со брзината на колите од околу 200 километри на час.
  • Многу скијачи се повикуваат на името на “Ullr” нордискиот Бог на зимата и го замолуваат да даде големи количества на снег на терените кои им се цел.
  • Откако норвежанецот Сондре Нортхајм ги измисли везовите, кои ги поврзуваат скиите со чизмата, скијачите имаат можност и да скокаат во воздух.

  • Астронаутот Харисон Шмит, изјавил дека сите атронаути кои планираат да одат на Месечината, треба да ја научат уметноста и техниката на скијањето, бидејќи тоа ќе го олесни движењето, односно одењето на Месечината.Научивте нешто ново и интересно нели?