Овие тајни ниту една авио компанија не сака да ги дознаете!

438

Секој бизнис и компанија колку и да се грижи за квалитетот и својот бренд, сепак „крие“ по некоја тајна која не би сакала вие како потрошувачи да ја дознаете. Во конкретниов случај зборуваме за авио компаниите. Нивните членови на екипаж не смеат да ги оддаваат тајните, но некои од нив не издржаа и анонимно кажале неколку тајни кои нивните работодавачи ни под разно не сакаат да ги дознаете!

Еве кои се тие!

1.Ако авионот ќе се урне, Вие ќе знаете за тоа

Не е тајна дека стјуардесите и стјуардите треба да бидат најпријатните и најсмирените лица. Тие секогаш треба да се професионални и услужливи и да знаат како да го смират и најнервозниот патник во авионот и секако да не враќаат на непријатни коментари.

НО, тие откриле дека ако авионот со сигурност ќе се урне, тогаш патниците ќе дознаат први. Во оваа ситуација не може никако дипломатски да се даде одговор. Капетанот на разглас ќе ја каже истата информација која е меѓу вработените, и доколку постои можност за спасување ќе започне процедурата на итно слетување.

2. Авиокомпаниите често на патниците им даваат веќе користени перници и ќебиња

Но, да бидеме коректни. Ова се однесува само на авиокомпаниите кои имаат поевтини летови.

„Што очекувавте?“, вели една анонимна стјуардеса, „ќебињата и перниците се користат одново и одново. Само се диплат, се враќаат на своето место и кога има потреба повторно се вадат и даваат на патниците од следниот лет“.

Единствен начин на кој можете да бидете сигурни дека ќе добиете ново ќебе е ако побарате да ви извадат ново директно неотпакувано, советуваат вработените.

  1. Можеби и не е баш најдобра идеја да нарачате кафе или чај

„Водата во авионите е одвратна. Навистина ми е жал за кафето и чајот. Водата е сместена во танкери под авионот и никогаш не сум видел тој да биде исчистен“, вели друг вработен

  1. Екипажот добива подобра храна од тебе

Храната во авионите од секогаш имала лоша репутација, особено ако знаеме колку е калорична, но од каде патниците можат да претпостават дека јадат храна од микробранова печка?

Храната на екипажот е за неколку нијанси подобра, признаваат вработените. Тие добиваат свежо овошје, десерти, тазе леб, пијалоци и многу друго.

  1. Знаеме и дека тоалетите во авионите не се баш најчисти но…

Тоалетите во авионите се толку „гнасни“што екипажот воопшто и не ги користи. Тие велат дека некогаш кога мора таму да измијат раце ги посетуваат или доколку е апсолутно неопходно да го користат.

  1. Стјуардите не се платени се додека не се затвори вратата на авионот

Уште еден анонимен вработен открил дека поголемиот дел од времето додека се на должност не се платени.

Тие велат дека мора да се појават на работа некогаш и по два часа порано, но не добиваат пари. Некогаш работат и по 13 часа, а добиваат пари за пет.

На филмовите сето ова изгледа идеално нели?