Посета на Острошки манастир и Будва

491

Острошки манастир за 8-ми март и Будва

Цена на аранжманот: 1600 денари

 Во цената на аранжманот е вклучено:
– 1 ноќевање во Манастирот
– Посета на Будва
– Автоуски превоз
– Лиценциран пратител во текот на целото патување
– Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување
– Индивидуално трошоци

ПЕТОК 05.03.2021
Состанок на групата во 22:30 часот на Дрводекор, поаѓање во 23:00 часот. Се патува преку граничен премин Блаце преку Косово, Албанија и Црна Гора.

САБОТА 06.03.2021
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Групата продолжува кон Манастирот Св.Василије Острошки. Време предвидено за поклонување на моштите на Св.Василије Острошки.  Ноќевање во манастирот.

НЕДЕЛА 07.03.2021
По утринската литургија, трансфер до центарот на Будва. Слободно време за индивидуална прошетка во бисерот на Јадранот, посета на стариот град, и можност за организиран ручек.во 16:00 часот поаѓање за Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

Важни напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Го Травел