Прага/Дрезден/Карлови Вари/Братислава за 8-ми март

4899

Промо цена 109 евра до 01.02, со задолжителна резервација на пакет факултативите (Посета на Карлови вари, Посета на Дрезден и крстарење) 60 евра по лице, редовна цена 70евра на пакетот, редовна цена 129 евра

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.
  • 2 ноќевања со појадок во ХОТЕЛ 3***
  • Организиран разглед на Прага со водич
  • Oрганизиран разглед на Братислава
  • Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативен излет Карлови Вари – 25евра.
  • Целодневна посета на Дрезден – 30eвра.
  • Крстарење по реката ‘Влтава – 15 евра.
  • Патничко осигурување – 300 денари

Пакет факултативи:(Посета на Карлови вари, Посета на Дрезден и крстарење) 60 евра по лице 

1 ДЕН: ЧЕТВРТОК (05.03.2020) СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.

2 ден: ПЕТОК (06.03.2020) ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови.Панорамско разгледување на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за крстарење по реката Влтава и прошетка.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: САБОТА (07.03.2020) ПРАГА –КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Бекеровка.
Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

4ден НЕДЕЛА (08.03.2020)  ПРАГА–ДРЕЗДЕНБРАТИСЛАВА–СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден.По разгледот се уптауваме кон Скопје а попатно ја посетуваме Словачката престолнина Братислава. Панорамски разглед на градот и поаѓање кон Македонија.Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • 30% при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до седум дена пред предвидениот рок за тргнување

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

  • Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур-оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел.