ПРОМО ЦЕНА: 9300 денари за уплата до 15.11.2019
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 евра (10,478 денари)
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3*** (околина на Прага) http://www.hotel-sport.cz/en
- Организиран разглед на Прага со професионален лиценциран водич.
- Oрганизиран разглед на Виена.
- Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река) и Велес
Во цената не е вклучено:
- Факултативен излет Карлови Вари – 25евра.
- Факултативен излет на Дрезден – 30eвра.
- Крстарење по реката ‘Влтава – 15 евра.
- Патничко осигурување – 300 денари
1 ден: САБОТА (28.12.2019) СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.
2 ден: НЕДЕЛА (29.12.2019) ПРАГА:
Пристигнување во Прага во пладневните часови.Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за крстарење по реката Влтава и прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: ПОНЕДЕЛНИК (30.12.2019) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА:
Појадок. После појадокот излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни.Ноќевање.
4 ден: ВТОРНИК (31.12.2019) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА:
По појадокот предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. Враќање во хотел.Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторанили чешка пивница или индивидуални активности за прошетки или шопинг. Во договорено време враќање во Прага, вечерта следи трансфер до градскиот плоштад и дочек на новата 2020 година. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден СРЕДА (01.01.2020) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ:
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)