Ракомет Словенија – Македонија

107

Словенија 13.03-16.03.2025

  • 1ден. Изола-Пиран-Порторож
  • 2ден. Целодневен разглед на Трст (Италија)
  • 3ден. Копер-Следење на натпреварот Словенија-Македонија

Во цената e вклучено:

  • Превоз со високо-туристички автобус.
  • 2 ноќевања со доручек и вечера
  • Разглед на Пиран и Порторож
  • Влезница за натпреварот Словенија-Македонија

13.03.2025 (Четврток) Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово-Србија-Хрватска-Словенија Поаѓање во 17:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Словенија, патот води преку Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно и денско возење со попатни одмори, царински формалности.

14.03.2025 (Петок) Изола-Пиран-Порторож

Пристигнување во Словенија (Изола, блиску до Копер) во пладневните часови. Превземање на собите околу 13:30-14:00 часот. Време за краток одмор. Во договорено време, поаѓање кон дветe најпознати и најпосетени летни дестинации на словенечкото крајбрежје, малите градчиња Пиран и Порторож (околу 25-30 мин возење во правец). Разглед на двете места, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

15.03.2025 (Сабота) Факултативна целодневна посета на Трст (Италија)

Појадок. По појадокот во договорено време поѓање кон Трст (Италија). Пристигнување во Трст. Целодневната посета на Трст, ја започнуваме со разглед на градот со локален водич, (околу 2 часа). По завршување на разгледот слободно време за индивидуални активности во центарот на градот. Во договорено време, се упатуваме кон шопинг центарот www.montedoroshoppingcenter.it . Слободно време. Во договорено време поаѓање кон хотелот. Вечера. Ноќевање.

16.03.2025 (Недела) Изола-Копер-ден за навивање

Појадок. Во договорено време (околу 10 часот), поаѓање кон Копер. Прошетка низ центарот на Копер. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон спортскиот комплекс Arena Bonifika и следење на ракометниот натпревар Словенија-Македонија со почеток од18:30 часот. По завршување на натпреварот, поаѓање кон Македонија (околу 20:30 часот). Ноќно возење со попатни паузи и царински и гранични формалности.

17.03.2025 (Понеделник) Македонија

Планирано пристигнување во попладневите часови. Крај на програмата.

Цена на аранжманот: 299 евра (18 538 денари) по ЛИЦЕ во двокреветна соба.

За дете до 12 години попуст од 30 евра од цената за возрасен. За трет возрасен во соба попуст од 30 евра од редовната цена. За еднокреветна соба, доплата од 60 евра.

Услови на плаќање:

Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.

Во цената Е вклучено:

  • Превоз со високо-туристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел 3* во Изола belvedere.si. ;
  • Посета на Пиран и Порторож;
  • Влезница за натпреварот Словенија-Македонија;
  • Придружник од агенција за време на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Факултативен излет до Трст (Италија) со локален водич + посета на шопинг центар 20 евра
  • Патничко осигурување
  • Личен трошок на патникот.

Поаѓања од:

  • Битола 17:00ч (Автобуска Транскоп); Прилеп 17:40ч (бензиска пумпа Лукоил);
  • Велес 19:00ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
  • Скопје 19:50ч (бензиска пумпа Окта, KFC до хотел Континентал); Куманово 20:30ч (бензинска пумпа Макпетрол).

Напомена:

  • За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот.
  • Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето или да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
  • Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно означено.
  • Сместување по 14:00ч (локално време)
  • Напуштање до 11:00ч (локално време).
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
  • Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
  • При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот – аванс.
  • Остатокот од аранжманот се доплќа 10 дена пред поаѓање.
  • Со оваа програма важат Општите услови за патување на Т. А Го Травел