Reall Apartmani

1276

Вила Reall Apartmani се наоѓа на 200м од плажа, во центарот на Полихроно, уличката која од црвата се спушта кон плажа, т.е до Хотел Посеидонио (види мапа). Вилата располага лукс студија и апартмани  лоцирани на 3 спрата и приземје, ново отворена во јуни 2019та, и 2020 реновирана и проширена со дополнителни капацитети.  Собите располагаат со клима(вклучена во цена) + wifi (за брзината и јачината на интернетот ЈК Травел не презема одговорност) сите соби имаат ТВ, кујна, фрижидер, сопствен тоалет. Во нејзина близина е пешачката улица каде што има многубројни ресторани, кафетерии, бич барови, продавници за сувенири итн.

Опис на соби:

1/2 – двокреветно студио – се наоѓаат на 1ви спрат (2 единечни душеци споени во брачно легло)

1/2+1 студио со еден брачен кревет + 1 софа (погодна за деца до 14год) балкон со поглед на море

1/3 – трокреветно студио се наоѓа на 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен)

1/3+1 студио – се наоѓа на 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен, кој има фиока и се отвара како дополнително легло)

1/3+1 едно спален апартман – се наоѓат на 1ви и 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен, кој има фиока и се отвара како дополнително легло)

1/4 апартман на приземје е апартман со една спална и дневен престој со 2 единечни легла , во истиот простор се наоѓа и кујната

1/4 апартман со поглед на море, се едноспални апартмани лоцирани на 3ти спрат, имаат едно брачно легло и 2 единечни легла

1/4+1 апартман, е едноспален апартман лоциран на 1ви спрат, има еден брачен кревет, еден единечен кревет и плус софа која има фиока и може да се смести и 5то лице

1/5 апартман со една спална со еден брачен кревет и 3 единечни легла, лоциран на 2ри спрат

GPS Координати: 40°00’55.4″N 23°31’43.3″E

 

 

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Полихроно чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 45еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 45еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 35еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 45еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 10еур за Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Го Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%   

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на СКТМ и ТА ЈК травел

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • -5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
  • -4:00 Скопје (Дрводекор)
  • -4:30 Велес (БП мотел Македонија)
  • -5:00 Неготино (БП Неготино)
  • -5:40 Удово (БП Удово)
  • -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • -2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Тимот на Го ТРАВЕЛ ви посакува пријатен одмор.